Нов Дојран

село во Општина Дојран
За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница

Нов Дојран — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.

Нов Дојран

Воздушен поглед на селото Нов Дојран

Нов Дојран во рамките на Македонија
Нов Дојран
Местоположба на Нов Дојран во Македонија
Нов Дојран на карта

Карта

Координати 41°13′14″N 22°42′18″E / 41.22056° СГШ; 22.70500° ИГД / 41.22056; 22.70500
Регион  Југоисточен
Општина  Дојран
Население 997 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1485
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06019, 06519
Надм. вис. 160 м
Нов Дојран на општинската карта

Атарот на Нов Дојран во рамките на општината
Нов Дојран на Ризницата

Иако по своите карактеристики Нов Дојран наликува на гратче,[2] сепак официјално не е прогласено за град.[3]

Географија и местоположба уреди

 
Воздушен поглед на дел од Нов Дојран

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Богданци. Исто така, селото е сместено на западниот брег на Дојранското Езеро, како и на самиот пат Гевгелија-Стар Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 160 метри.[2] Селото е оддалечено 2,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 18 километри југоисточно од Валандово, 15 километри источно од Богданци и 25 километри источно од Гевгелија.

Низ селото поминува регионалниот пат 1105.

Историја уреди

Подрачјето на Нов Дојран е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Манастир.[4]

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство уреди

 
Пазарот

Атарот на селото зафаќа простор од 18,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.192 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 398 хектари, додека на пасиштата 241 хектар.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Меѓутоа, селото има и рибарска функција, бидејќи во него е седиштето на рибарската задруга. Во него работи фабрички погон, бензинска пумпа и услужни објекти.[2] Во местото се наоѓа и работи и пазар.

Во поново време, во селото е особено развиен туризмот.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.083—    
1953941−13.1%
19611.116+18.6%
19711.033−7.4%
19811.035+0.2%
ГодинаНас.±%
19911.173+13.3%
19941.199+2.2%
20021.100−8.3%
2021997−9.4%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]

Селото е големо, но со незначителни промени во бројот на населението. Така, во 1961 година Нов Дојран броел 1.116 жители, од кои 1.052 биле Македонци, 52 Срби и шест жители Албанци. Во 1994 година, селото имало 1.199 жители, од кои 1.115 биле Македонци, 37 Срби, 20 Роми, 16 Албанци и седум жители Турци.[2]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.100 жители и претставува најголемото населено место во општината. Во него имало 1.023 Македонци, 11 Албанци, 23 Турци, 14 Роми, 27 Срби, 1 Бошњак и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 997 жители, од кои 935 Македонци, 10 Турци, 10 Срби, 3 останати и 39 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.083 941 1.116 1.033 1.035 1.173 1.199 1.100 997
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Нов Дојран се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 0383 и 0384 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 886 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 901 гласач.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви
Споменици[2]

Редовни настани уреди

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 211.
  3. „Државен завод за статистика“. www.stat.gov.mk. Посетено на 2024-04-24.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 103. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 април 2024.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  15. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 24 април 2024.
  16. Со специјалитети од риба почна туристичката сезона во Дојран

Надворешни врски уреди