Старо Коњарево
Старо Коњарево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Старо Коњарево | |
Куќи во Старо Коњарево | |
Координати 41°21′57″N 22°57′18″E / 41.36583° СГШ; 22.95500° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Ново Село |
Население | 300 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27036, 27536 |
Мреж. место | Старо Коњарево |
Старо Коњарево на општинската карта Атарот на Старо Коњарево во рамките на општината | |
Старо Коњарево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСтаро Коњарево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 360 метри. Селскиот атар е сместен на тромеѓата помеѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија. Низ селото тече реката Стар Дол, која го дели на два дела. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 32 километри.
Историја
уредиАнтика
уредиВо близина на селото се наоѓа археолошкото наоѓалиште „Голема Трпеза“. Селото го добило името од зборовите „коњ“ и „рев“, што значи коњско ревање. Според друга легенда, Старо Коњарево го добило името по Беласичката битка од 1014 година и загинувањето на македонските војници, односно според плачот на нивните најблиски, кои обвиени во тага, силно ревале над нивните тела.
Среден век
уредиСелото за првпат се споменува во повелбата на српскиот крал Стефан Дечански од 1328 година, кога тој го подарува на манастирот Хиландар, а се споменува и во повелбите на неговиот наследник, најголемиот српски средновековен цар Стефан Душан (вл. 1331-55).
Отоманско Царство
уредиПред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија.
Југославија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Комарани. Во истата година, во селото живееле 5 муслимански и 55 христијански семејства[2].
Во текот на XIX век, селото било со мешано население. Според Васил К’нчов, во 1891 година во Конарине живееле 315 семејства, од кои 300 турски и 15 македонски[3].
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 611 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 300 жители, од кои 269 Македонци и 31 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 315 | — | 570 | 645 | 742 | 847 | 887 | 900 | 616 | 611 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Општествени установи
уреди- ОУ „Мануш Турновски“
- Месна заедница
- Црква „Св. Спас“, која претходно се викала „Св. Атанас“ и по пожарот пред седумдесеттите години, била преименувана
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1784 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 733 гласачи.[12]
Личности
уредиЛичности родени во Старо Коњарево:
Личности починати во Старо Коњарево:
- Стојан Георгиев (1870 - 1915) - македонски револуционер, деец на ТМОРО
Културни и природни знаменитости
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.615-618
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 187.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски
уреди„Старо Коњарево“ на Ризницата ? |