Смилковци
Смилковци (офиц. Смиљковци) — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.
Смилковци Смиљковци | |
Координати 42°02′15″N 21°29′40″E / 42.03750° СГШ; 21.49444° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Гази Баба |
Област | Црногорија |
Население | 371 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1040 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 280 м |
Смилковци на општинската карта Атарот на Смилковци во рамките на општината | |
Смилковци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Црногорија, во јужното подножје на планината Скопска Црна Гора, оддалечено 11 км североисточно од Скопје.
Историја
уредиПодрачјето на Смилковци е населено уште од римско време за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Смиљковце во селските ниви.[2]
Смилковци не се сметало за одделно населено место сè до самиот крај на XX век, туку било маало на Црешево. Како посебно село за првпат е попишано во 2002 г.
На 12 април 2012, во атарот на селото, на брегот на Смилковското Езеро се случило грозоморното петкратно убиство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, селото Смилковци има 345 жители, од кои 341 Македонец и 3 Срби и 1 останат.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 371 жител, од кои 348 Македонци, 2 останати и 21 лице без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 345 | 371 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Општествени установи
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Смиљковце — населба од римско време
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 388. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |