Драдња
Драдња — мало село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Драдња | |
Поглед на Драдња | |
Координати 41°23′44″N 21°54′23″E / 41.39556° СГШ; 21.90639° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Тиквеш |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1423 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11017 |
Надм. вис. | 610 м |
Слава | Спасовден |
Драдња на општинската карта Атарот на Драдња во рамките на општината | |
Драдња на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во западниот дел од Општина Кавадарци, на северозападната страна на Тиквешкото Езеро, до коешто се протега и атарот на селото.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 16 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 10,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 572,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 284,3 хектари, а на обработливото земјиште 81,2 хектари.[2]
Селото се наоѓа на пространа тераса. Селото било христијанско и од збиен тип. Било поделено на Присојно и Осојно Маало, а на средина се наоѓало сретселото.[3]
Во поново време во атарот на раселеното село, е подигната викенд-населбата Голеш крај Тиквешкото Езеро.[4]
Историја
уредиВо текот на отоманскиот период, селото било од получифлички тип со беговска кула во Осојното Маало.[3]
Во XIX век, Драдња било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
За време на Народноослободителната борба, неколку жители на Драдња се бореле и загинале во текот на борбите. Тие биле Косто Бојков, Трајко Манев, Крсте Миов, Перо Минов, Блажо Недев и Стеван Трајков. Во чест на нив, бил подигнат споменик во селото во 2003 година.
Стопанство
уредиСелото нема развиена стопанска функција.[2]
Селото се занимавале повеќе со сточарство, отколку со земјоделство.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драдња имало 260 Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драдња имало 304 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Селото е мало и во фаза на целосно раселување. Во 1961 година, селото броело 159 жители, а во 1994 година само тројца жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Драдња имало 3 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 304 | 190 | 179 | 159 | 39 | 8 | 6 | 3 | 3 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиКако родови во Драдња се споменуваат:[3]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Дреново, во која влегувале селата Галиште, Грбавец, Добриште, Дреново и Драдња.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Драдња се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0698 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Шешково, Драдња, Галиште, Праведник и Возарци, кое е сместено во основното училиште во село Возарци.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 755 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 754 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Варвара — населба од римското време;
- Градиште — утврдување од доцноантичкото време;
- Илимски Гробишта — некропола од римското време;
- Манастириште — средновековна црква и некропола;
- Стена — средновековна црква.
- Црква „Св. Спас“ — главната селска црква
- Црква „Св. Никола“ (Маркова Црква) — пештерна црква
- Црква „Св. Илија“ — новоизградена црква во летниковската месност Голеш[19]
Редовни настани
уреди- Спасовден — селска слава
Иселеништво
уредиОд селото се иселиле Соколовци (1 к.) во САД во 1906 година.[3]
Галерија
уреди-
Панорама на селото од патот за црквата „Св. Спас“
-
Споменикот на НОБ во Драдња
-
Куќа во Драдња
-
Куќа во Драдња
-
Чешма во Драдња
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 112. Посетено на 27 јануари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 441-442.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Дарудова, Светлана (6 јуни 2017). „Од колиби до палати со базени крај Тиквешко Езеро“. Македонска информативна агенција. Посетено на 27 јануари 2018.[мртва врска]
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 јануари 2018.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 јануари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-24. Посетено на 27 јануари 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 148, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 27 јануари 2018.
- ↑ „Тиквешко Езеро – едно од најатрактивните вештачки езера во Македонија“. Посетено на 27 јануари 2018.