Долгаш

село во Општина Центар Жупа

Долгаш — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Долгаш

Воздушен поглед на селото Долгаш

Долгаш во рамките на Македонија
Долгаш
Местоположба на Долгаш во Македонија
Долгаш на карта

Карта

Координати 41°25′23″N 20°35′15″E / 41.42306° СГШ; 20.58750° ИГД / 41.42306; 20.58750
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 143 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08015
Надм. вис. 825 м
Долгаш на општинската карта

Атарот на Долгаш во рамките на општината
Долгаш на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Ова мало село се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, чиј атар на една страна се допира со подрачјето на Општина Дебар, а на друга страна со подрачјето на Општина Струга.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 825 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 21 километар, додека од регионалниот пат Дебар-Струга (Р1201) е оддалечено 2,4 километри.[2]

Селото лежи на западните падини на планината Стогово. Сместено е високо од левата страна над Долгашка Река.

Низ селото поминува регионалниот пат 2249, кој кај хидроцентралата „Глобочица“ се спојува со регионалниот пат 1201.

Историја

уреди

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,7 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 283,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 155,3 хектари, а на обработливото земјиште само 19,6 хектари.[2]

Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948258—    
1953219−15.1%
196130−86.3%
197160+100.0%
198166+10.0%
ГодинаНас.±%
1991101+53.0%
1994117+15.8%
2002123+5.1%
2021143+16.3%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 4 домаќинства со 14 жители христијани (Македонци) и 7 муслимани (Турци).[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долгаш живееле 140 жители, од кои 30 жители Македонци христијани и 110 Турци муслимани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долгаш имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци и 150 Турци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 30 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 117 жители, турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Долгаш броело 123 жители, сите Турци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 143 жители, од кои 135 Турци и 8 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 130 24 258 219 30 60 66 101 117 123 143
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Долгаш е турско село.[14]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Караманлар (6 к.), Караисмаилар (5 к.), Караосманлар (5 к.), Елезлер (7 к.), Абдустаилар (6 к.), Османлар (7 к.), Латифлер (2 к.), Есатлар (4 к.) и Шавник (2 к.), сите се доселени од селото Елевци, а за сите родови освен последниот уште подалечно потекло имаат од селото Коџаџик.

Иселеништво

уреди

До 1954 година од селото имало иселеници во Турција (8 семејства), и тоа во Шамди близу Анкара, Аксер, Бурса, Паламуд, Истанбул и Измит.[14]

Општествени установи

уреди
 
Поранешната амбуланта во селото

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Долгаш било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната општина Евла, која била составена од селата Долгаш, Евла и Елевци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0571 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 98 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 110 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Џамии[18]
Реки[19]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 100.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-02-03. Посетено на 3 февруари 2023.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 27. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

уреди