Пишица
Пишица — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Пишица | |
Воздушен поглед на селото Пишица | |
Координати 41°52′32″N 22°12′40″E / 41.87556° СГШ; 22.21111° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 120 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21025 |
Надм. вис. | 320 м |
Пишица на општинската карта Атарот на Пишица во рамките на општината | |
Пишица на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Пробиштип, во долното сливно подрачје на Злетовска Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци и на Општина Чешиново-Облешево.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 15 километри.[2] Селото се наоѓа источно од падините на планината Манговица.
До селото поминува регионалниот пат 1205, при што најголемиот дел од селото се наоѓа западно од патот.
Во непосредна близина на селото се наоѓа Пишичкото Езеро, чија земјена брана напукнала по излевањето на езерските води во февруари 2013 година.[3]
Историја
уредиПодрачјето на Пишица е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочи наоѓалиштето Жгандово во неговата околина.[4]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 7,5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 347 хектари, на пасиштата отпаѓаат 266 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција. Во селото работи фабрички погон, како и продавници.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пишица живееле 200 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци, 25 до 50 Власи и 25 до 50 Турци.[6]
Пишица, според населеноста, преминала од средно во мало село по големина. Така, во 1961 година селото имало 401 жител, од кои 337 биле Македонци, а 62 жители се изјасниле како други (веројатно биле Власи). Во 1994 година, бројот се намалил на 204 жители, од кои 187 биле Македонци, а 17 жители Власи.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Пишица живееле 168 жители, од кои 159 Македонци и 9 Власи.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 120 жители, од кои 110 Македонци, 2 Албанци, 6 Власи, 1 Србин и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | — | 348 | 371 | 401 | 346 | 267 | 220 | 204 | 168 | 120 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиПишица е македонско-влашко село.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Македонски родови:
- Доселеници: Врбичани (3 к.), доселени се од селото Врбица кај Кочани во 1916 година; Шировци (3 к.) и Беловци (3 к.), доселени се во 1916 година од селото Крњево (сега не постои) во Овче Поле. Вториот род уште подалечно потекло има од Велешко; Дудукарци (3 к.) и Шукевци (2 к.), доселени се во 1916 година од Ново Село кај Кочани; Бунешани (3 к.), доселени се во 1925 година од селото Бунеш; Кочанчани-Стоилковци (3 к.), доселени се во 1916 г. од Кочани. А пред тоа биле чифлиџии во селата Лезово, Бунеш и Пуздерци. Едно семејство од овој род води потекло од домазет од кратовското село Филиповци; Луковци (3 к.), доселени се во 1916 година од селото Луково кај Кратово. Таму припаѓале на родот Тренчевци, подалечно потекло од Горна Пчиња; Млачани-Колеви (3 к.), доселени се во 1919 г. од Горно Кратово; Стефанови (1 к.), доселени се во 1923 година од селото Псача кај Крива Паланка; Младенови (4 к.), Наумови (5 к.) и Накови (3 к.), доселени се од селото Нежилово кај Кратово; Шушњарци (2 к.) и Дудинци (4 к.), доселени се од селото Каврак кај Кратово; Стаменковци-Радојковци (4 к.), доселени се во 1919 година од селото Костур кај Крива Паланка; Ѓорови (3 к.), доселени се во 1924 г. од селото Кркља кај Крива Паланка; Касирци (5 к.) и Досеви (2 к.), доселени се од селото Полаки кај Кочани; Гркови (3 к.), доселени се во 1927 година од околината на Сер во Егејска Македонија.
- Влашки родови:
- Доселеници: Жгумовци (3 к.), Куртовци (1 к.) и Бровалии (1 к.). Жмуговци биле по потекло од Катерина во Егејска Македонија. А другите два рода од селото Ливада кај Солун.
Општествени установи
уреди- Основно училиште
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Пишица било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Пишица, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште и Уларци. Општината Крупиште постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Гуњовци, Крупиште, Новоселани, Пишица и Уларци.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1552 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 114 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 117 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[4]
- Жгандово — населба од доцноантичкото време
- Цркви
- Црква "Св. Троица" - селската црква. Во изградба
- Езера
- Пишичко Езеро — вештачко езеро.
- Реки[17]
- Шипча — помала река низ селото
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Пишица
- Хари Костов (р. 1959) — македонски стопанственик и политичар, премиер на Македонија (2004).
Галерија
уреди-
Сообраќајна табла на влезот од селото
-
Патот кој поминува низ селото
-
Поглед на езерото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 235.
- ↑ „Сериозна состојбата на браната кај Пишица“. Вечер. 26 февруари 2013. Посетено на 9 јануари 2017.[мртва врска]
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 322. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-26. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 81. ISBN 978-9989-2117-6-8.