Новоселани (Битолско)

село во Општина Могила

Новоселани — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Новоселани

Панорама на селото Новоселани од дворот на црквата „Св. Ѓорѓи“

Новоселани во рамките на Македонија
Новоселани
Местоположба на Новоселани во Македонија
Новоселани на карта

Карта

Координати 41°13′23″N 21°23′36″E / 41.22306° СГШ; 21.39333° ИГД / 41.22306; 21.39333
Регион  Пелагониски
Општина  Могила
Област Пелагонија
Население 14 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7245
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02084
Надм. вис. 565 м
Слава Ѓурѓовден
Новоселани на општинската карта

Атарот на Новоселани во рамките на општината
Новоселани на Ризницата

Потекло на името уреди

Името на селото првпат е споменато во 1348 година и претставува сложенка од Ново Село и наставката -ани.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото од страна на полето

Селото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот северен дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 26 километри.[3]

Ова мало село се наоѓа помеѓу Прилеп и Битола. Јужно од селото се наоѓа ридот Голем Врв (790 метри), додека на север се пружа алувијалната рамница низ која тече Црна Река. Околни села се Лознани, Тополчани, Тројкрсти и други.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Голем и Мал Врв, Пирадо, Дабје, Пашиница, Стрезојца, Бавчи, Стара Црква и Мртвица.[4]

Селото има збиен тип и одредени куќи се нарекуваат по родовите, како Трајчевци, Пројковци и слично.[4]

Новоселани е оддалечено 17 километри од општинското средиште Могила и 3 километри од селото Лознани. Сместено е на десниот брег на Црна Река.[5] Најблиски соседни села се: Тројкрсти, Чепигово и Тополчани на север и Лознани на југ.

Историја уреди

Селото најпрвин било христијанско македонско село. Потоа, во првата половина на XIX век, тука се населиле Арбанаси муслимани. Во селото тие останале до средината на векот. Тогаш, нив ги фатила некоја болест, некои починале, а други заминале. Атарот на селото потоа бил земен од агалари, кои на тоа место ги населиле предците на денешните македонски родови. Први дошле Србиновци, а веднаш потоа Ноачовци.[4]

Селото не поседува старини, а поранешните гробишта на иселените Арбанаси се наоѓале западно од селото, на чие место денес се наоѓаат ниви.[4]

Во XIX век, Новоселани биле села во Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[6]

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 374 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 80 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948156—    
1953189+21.2%
1961210+11.1%
1971227+8.1%
1981189−16.7%
ГодинаНас.±%
199194−50.3%
199479−16.0%
200250−36.7%
202114−72.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новоселани живееле 100 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Новоселани имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 210 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 79 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Новоселани живееле 50 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 13 Македонци и 1 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 64 156 189 210 227 189 94 79 50 14
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Новоселани е македонско православно село, сите родови се доселени, а селото потекнува од средината на XIX век.[4]

Родови во Новоселани се: Србиновци (2 к.) и Пројковци (6 к.), порано биле еден род, доселени се однекаде средината на XIX век; Ноачевци (2 к.), доселени се после претходните родови од селото Ивањевци, каде имаат истоимени роднини, се доселил Петре, таткото на Илија (жив на 60 години во 1951 година); Анчевци (4 к.), доселени се од селото Трновци, каде се викале Тујеговци, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 34 г. во 1951 година) Петко-Тале-Танче кој се доселил; Трајчевци (5 к.), доселени се од Лознани, таму имаат роднини (Марковци и Милевци); Шуплиновци (3 к.), доселени се кога и претходниот род од селото Тополчани, таму имаат истоимени роднини; Рујановци (1 к.), доселени се од селото Свето Тодори; Тале Брсјакот (1 к.), родот го основал Тале Брсјакот кој дошол од селото Мало Илино, Железник; Бинишовци (1 к.) и Истинџиовци (1 к.), доселени се од Обршани; Стомнаровци (1 к.), доселени се од Пашино Рувци и Шврговци (1 к.), доселени се од селото Слоештица, Железник.

Општествени установи уреди

  • Поранешно основно училиште
  • ЖС „Новоселани“, железничко стојалиште во близина на селото

Самоуправа и политика уреди

 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Новоселани, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Подино, Свето Тодори, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Ивањевци, во која влегувале селата Древеник, Ивањевци, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0183 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[19]

Редовни настани уреди

Иселеништво уреди

Се знае за следниве иселеници: Новоселци (4 к.), кои живеат во Могила; Стрезовци (5 к.), кои живеат во Горно Оризари; Карабелевци (1 к.), живеат во Ерековци; Тражевци (2 к.), живеат во Тројкрсти; Бабановци (9 к.), живеат во Мало Коњари; Мицковци (3 к.), Дамевци (2 к.), Ралевци (4 к.) и Србиновци (1 к.), живеат во селото Долно Српци.[4]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 124.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 212. Посетено на 15 септември 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-07-02. Посетено на 2019-09-15.
  6. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 септември 2019.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 15 септември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 15 септември 2019.
  18. „Локални избори 2021“. Посетено на 17 октомври 2021.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди