Лисолај
Лисолај — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Лисолај | |
Координати 41°8′54″N 21°18′7″E / 41.14833° СГШ; 21.30194° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 163 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02070 |
Надм. вис. | 746 м |
Лисолај на општинската карта Атарот на Лисолај во рамките на општината | |
Лисолај на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиЛисолај припаѓа на таканаречениот Пелагониски Регион, во географската област Пелагонија и подножјето на планината Древеник, на 17 километри северно од градот Битола. Селото е ридско, на надморска височина од 746 метри. На сретсело се наоѓа основното училиште кое го носи името на познатиот војвода од овој крај Александар Турунџев. Над самата населба е црквата Св. Петка која е од XIX век и е типичен пример на македонското црковно градителство од тој период. Во селото се живее од земјоделство и сточарство. Лисолај надалеку е познатo по најубавото грозје од овој регион.
Историја
уредиСамо 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лисолај живееле 340 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лисолај имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лисолај се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 45 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото Лисолај брои 225 жители[7], од кои 224 се Македонци и еден е вброен во останатите националности.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 163 жители, од кои 153 Македонци и 10 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 340 | 300 | 582 | 611 | 679 | 563 | 551 | 304 | 276 | 225 | 163 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиЛисолај е македонско село.
Родови во селото се:
- Доселеници: Ѓуровци (3 куќи) најстар род во селото, доселени се од селото Древеник; Миленковци (6 куќи), Марковци (5 куќи), Димовци (4 куќи), Поповци (4 куќи), Стојчевци (4 куќи), Кочанковци (4 куќи), Петревци (3 куќи), Димитриовци (3 куќи), Василиновци (3 куќи), Огњановци (3 куќи), Јанкуловци (1 куќа), Матовци (1 куќа), Мојановци (3 куќи), Чурлиновци (3 куќи), Јоановци (2 куќи), Кочовци (2 куќи), Јовчевци (14 куќи), Богатиновци (3 куќи), Ацковци (4 куќи), Стојановци (4 куќи) и Наумчевци (6 куќи). Сите овие родови се доселени со непозната старина.[13]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 204 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[16]
- Црква „Св. Петка“ — главната селска црква;
- Црква „Архангел Михаил“ — главната црква на Лисолајскиот манастир;
- Црква „Св. Спас“ — поранешна гробјанска црква. Се наоѓа над селото, денес запуштена во урнатини;
- Археолошки наоѓалишта
- Црнобучки Рид — населба од римско време;[17]
- Крс — некропола од римско време;[18]
Во селото Лисолај има „стапки“ од коњот на народниот херој Крали Марко.
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Димитрија Марковски (1923-2000) - партизан, учесник во НОБ;
- Јован (Јон) Лисолаецот - револуционер, битолски реонски војвода;[19][20]
- Миле Секуловски (р. 1926) - најстар македонски радиоаматер;[21]
- Ѓорѓија Стојчевски (1922 - 1945) - партизан, учесник во НОБ;
- Борко Марковски роден 1957 година - Генерал на Полиција на Македонија;
Култура и спорт
уредиВо Лисолај има 2 фудбалски тима ф.к.Лисолај и ф.к.Лисолај 2010 подобро рангиран е ф.к.Лисолај 2010 кој 2 пати со ред играше регионално финале од општинските лиги.
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис 2002 http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 66.
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.47
- ↑ Миле Секуловски, Z31JY најстар радиоаматер во Македонија
Надворешни врски
уреди- Лисолај - роднокрајски записи Архивирано на 19 јуни 2013 г. - репортажа
- ЛИСОЛАЈ ЧУВА ПЕХАР ОД КОНЗУЛСКА СВАДБА Архивирано на 4 март 2016 г.