Крушица (Светиниколско)
Крушица — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле во околината на градот Свети Николе.
Крушица | |
Координати 41°54′55″N 21°49′25″E / 41.91528° СГШ; 21.82361° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Свети Николе |
Област | Овче Поле |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 24018 |
Надм. вис. | 607 м |
Крушица на општинската карта Атарот на Крушица во рамките на општината | |
Крушица на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Крушниче и било христијанско, каде имало 21 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 80 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 178 жители.[2]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Крушица имало 230 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Крушица имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Крушица живеат 22 жители, сите Македонци.[5]
Според пописот од 2021 година, во селото Крушица живеат 5 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 320 | 331 | 300 | 266 | 171 | 76 | 30 | 31 | 22 | 5 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиКрушица е македонско село.
Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:
- Доселеници: Чаршамовци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се во втората половина на XVIII век од гостиварското село Дуф; Пичевци (10 к.) доселени се од некое село во сливот на Бабуна (Велешко); Соколовци (11 к.) доселени се од селото Буриловци. Изгледа таму биле староседелци; Дупкаровци (7 к.) доселени се од селото Макреш. Го знаат следното родословие: Трајко (жив на 83 г. во 1957 година) Дине-Китан, се доселил дедото на Китан, чие име жителите на овој род не го памтам, во Макреш најверојатно биле староседелци; Колевци (7 к.) доселени се од некое село во Кратовско; Убавелевци (2 к.) доселени се од Македонска Каменица; Коларовци (1 к.) доселени се од соседното село Алакинци. Порано овој род имал (7 к.), но се смалил поради изумирање и иселување.[10]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1690 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Верски објекти
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква
- Ѓуришки манастир со црквата „Рождество на Пресвета Богородица“
- Параклис „Св. Петка“
- Параклис
- Археолошки наоѓалишта
- Колева Чешма — средновековна црква и некропола;
- Рид — старохристијанска црква;
- Св. Дух — осамен наод од римското време;
- Св. Спас — осамени наоди од римското време;
- Стара Црква — средновековна црква и некропола.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиМакедонските иселеници од Крушица воглавно се иселувале кон Скопје. Таму има иселеници од разни погоре набројани родови.[10]
Ѓошо се иселил во Новачани кај Велес. Таму се иселил како домазет во 1920 година.[10]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 207
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 114-115.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Трифуноски, Јован (1962). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.