Богородица (Гевгелиско)

село во Општина Гевгелија

Богородица — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Богородица

Сретселото во Богородица

Богородица во рамките на Македонија
Богородица
Местоположба на Богородица во Македонија
Богородица на карта

Карта

Координати 41°08′26″N 22°32′56″E / 41.14056° СГШ; 22.54889° ИГД / 41.14056; 22.54889
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 896 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1488
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06002
Надм. вис. 55 м
Богородица на општинската карта

Атарот на Богородица во рамките на општината
Богородица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, на крајната јужна страна на Гевгелиското Поле, на територијата на Општина Гевгелија. Атарот на селото се допира со државната граница со Грција. Всушност, селото лежи на левата страна на реката Вардар, недалеку од автопатот Скопје-Гевгелија, а на самиот локален пат кон Богданци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 55 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 3 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 15,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште со површина од 921,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 397,3 хектари, а на шумите само 43,4 хектари.[2]

Историја

уреди

Во XIX век, Богородица било христијанско-муслиманско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Граничниот премин „Богородица“ е отворен во 1973 година.

Стопанство

уреди

Селото има полјоделска функција.[2]

Населението во Богородица претежно се занимава со земјоделство, особено одгледување на раноградинарски култури.

Инаку, во Богородица успешно работи и „Еуропорта“ или "Шимов", фабрика за производство на сигурносни врати и решетки во која има вработено околу 40 луѓе претежно од селото.

Во последните неколку години околината на Богородица е посебно привлечна за изградба на хотели-казина.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948616—    
1953663+7.6%
1961821+23.8%
1971894+8.9%
1981960+7.4%
ГодинаНас.±%
19911.011+5.3%
19941.011+0.0%
20021.001−1.0%
2021896−10.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Богородица имало 890 жители, од кои 430 Македонци и 460 Турци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Богородица имало 632 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]

Богородица е големо село, со пораст на своето население. Во 1961 година, селото броело 821 жител, а во 1994 година бројот се зголемил на 1.011 жители, од кои 990 Македонци, 17 Срби и 2 Власи.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Богородица имало 1.001 жител, од кои 975 Македонци, 18 Срби, 7 Власи и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 896 жители, од кои 861 Македонец, 1 Турчин, 1 Влав, 1 Србин, 3 останати и 29 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 890 632 616 663 821 894 960 1.011 1.011 1.001 896
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Богородица, во која Богородица било единствено село.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Богородица се наоѓале градот Богданци и селата Ѓавато, Селемли и Стојаково.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 355 според Државната изборна комисија, сместени во младински дом.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 762 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Цркви[16]

Редовни настани

уреди
  • Европско првенство во мотокрос (Милци)
  • Рок концерт по повод панаѓурот на 21 септември

Култура и спорт

уреди

ФК „Галејб АБ“ е фудбалска екипа која се натпреварува во регионалната лига.

Традиционален турнир во мал фудбал

уреди

По повод панаѓурот 21.09 (Мала Богородица) секоја година се одржува Турнир во мал фудбал за деца на возраст од 9-16 години. На овој турнир секоја година земаат учество околу 400 деца (играчи) или околу 40 екипи од Општина Гевгелија и пошироко распоредени во 3 категории.

Турнирот се одржува под покровителство на Градоначалникот на Општина Гевгелија.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 32. Посетено на 26 мај 2017.
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 126-127.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 мај 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди