Лопатица (Прилепско)
Лопатица — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Лопатица | |
Координати 41°10′46″N 21°35′44″E / 41.17944° СГШ; 21.59556° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 19 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20060 |
Надм. вис. | 842 м |
Лопатица на општинската карта Атарот на Лопатица во рамките на општината | |
Лопатица на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија, оддалечено 33 километри јужно од Прилеп. Источно од селото се издига Селечка Планина.
Историја
уредиСтопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопатица живееле 210 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лопатица имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото Лопатица брои 41 жител, сите Македонци[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 18 Македонци и 1 Албанец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | 200 | 316 | 358 | 410 | 417 | 194 | 115 | 80 | 41 | 19 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиЛопатица е македонско село.
Според истражувањата од 1955 година, родови во селото:
- Доселеници: Шијаковци (4 к.) тие се најстариот род во селото, коишто го заселиле селото; Поповци (9 к.) однекаде доселени; Грујовци (6 к.) доселени се од Кракоперци, тоа било мало село во близина на селото Шелеверци. Некој паша во Кракоперци земал во војска двајца Македонци, и поради тоа паднала крв, потоа избегале во Охридско, каде некое време живееле, па потоа прешле во селото Мојно, потоа во Ерековци, и на крај во денешното село, го знаат следното родословие: Алексо (жив на 50 г. во 1955 година) Стојан-Здраве-Грујо-Јосиф, основачот на родот; Степановци (8 к.) доселени се од селото Пателе кај Лерин во Егејска Македонија (денес во Грција), се населил Стојан, се знае следното родословие: Атанас (жив на 80 г. во 1950-тите) Степан-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Аџиовци (13 к.) доселени се од мариовското село Градешница, го знаат следното родословие: Гроздан (жив на 50 г. во 1955 година) Петко-Гроздан-Јове, основачот на родот кој се доселил; Колевци (3 к.) доселени се од мариовското село Рожден; Тресиглаовци (2 к.) доселени се од мариовското село Крушевица.[10]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1499 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[13]
- Неделска Вода — осамен наод од старохристијанско време;[14]
- Црвеница — населба од непознат период;
- Темна Пештера — светилиште од непознат период;
- Коњарникот — населба од непознат период;
- Кукулаица — населба од непознат период;
- Кале — населба од непознат период;
- Дрмите — населба од непознат период;
- Селска Црква — осамен наод од античко време;
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Роза Костеска (р. 1967) - македонска поетеса;
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „ТЕМНА ПЕШТЕРА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО – ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ НА ДРЕВНИ ЖИТЕЛИ СО КУЛТНА СИМБОЛИКА
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 303. ISBN 9989649286.