Јажинце

село во Општина Јегуновце

Јажинце — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.

Јажинце

Панорама на Јажинце

Јажинце во рамките на Македонија
Јажинце
Местоположба на Јажинце во Македонија
Јажинце на карта

Карта

Координати 42°09′51″N 21°10′33″E / 42.16417° СГШ; 21.17583° ИГД / 42.16417; 21.17583
Општина Јегуновце
Население 913 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1206
Шифра на КО 28031
Надм. вис. 781 м
Јажинце на општинската карта

Атарот на Јажинце во рамките на општината

Географија и местоположба

уреди

Историја

уреди

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948569—    
1953618+8.6%
1961601−2.8%
1971691+15.0%
1981843+22.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994870—    
20021.099+26.3%
2021913−16.9%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[2]

Според пописот од 2002 селото брои 1.099 жители, од кои 1.098 Албанци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 913 жители, од кои 884 Албанци и 29 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 245 24 569 618 601 691 843 0 870 1.099 913
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

уреди

Јажинце е албанско село, а до крајот на 20 век имало и Македонци во селото.

Според истражувањата во 1940-тите родови во селото се:

  • Македонци: Јовчевци (2 к.) они се староседелци.
  • Албанци: Незеле (24 к.), Коље (15 к.), Миаје (17 к.), Имиште (11 к.) и Пуљак (3 к.). Сите родови доселени се од разни места во северна Албанија, сите се доселени до средината на XIX век.[8]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 2132 и 2132/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.118 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

уреди

Црквиште, средновековна црква и некропола. Според историските извори, на горната страна на селото постоела црква посветена на Св.Спас. На површината се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции и фрагменти од керамички садови.[11][12]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Од селото се иселени повеќе Македонци. Се памтат многу иселени македонски родови како: Блажевци, Шиндаровци[13], Јаќимовци, Димовци, Јанковци, Ристовци, Јошевци и др. Многу од нив се иселени во Тетово, некои и на други места.

Во околните села познати се следните родови иселени од Јажинце: Јажинковци (3 к.) се иселени во селото Јанчиште.Кичиновци (6 к.) иселени се во селото Кучково, Скопско. Војиновци (4 к.) иселени се во селото Волково, Скопско. Они од Волково имаат иселеници и на други места.

Од лозата на Шиндаровци, преселени се во населени места околу Скопје: Драчево, Црешево, Лисиче.

Од муслиманските родови иселеници има во: Пржалар иселени се во селото Прошовце. Јажинци (11 к.) иселени се во селото Долно Свиларе, Скопско. И на двата рода подалечно потекло им е од северна Албанија.[8]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Селишчев А.М., 1929
  12. Новаковиќ С.Т.,1906
  13. „Шиндаровци | | Македонска Енциклопедија“. Посетено на 2019-05-24.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди