Бродец (Скопско)

село во Општина Чучер-Сандево

Бродец — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 3 жители.

Бродец
Бродец во рамките на Македонија
Бродец
Местоположба на Бродец во Македонија
Бродец на карта

Карта

Координати 42°8′27″N 21°26′25″E / 42.14083° СГШ; 21.44028° ИГД / 42.14083; 21.44028
Општина  Чучер-Сандево
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25017
Надм. вис. 969 м
Бродец на општинската карта

Атарот на Бродец во рамките на општината
Бродец на Ризницата

Географијa и местоположба

уреди

Селото Бродец се наоѓа на Скопска Црна Гора северно од Скопје оддалечено од градот Скопје околу 15 км.

Историјa

уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 18 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 77 мажи христијани, со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 178 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 231 жител.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бродец живееле 200 жители Македонци[3] христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бродец имало 264 патријаршисти.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 338 жители. Било центар на Општина Бродец.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948191—    
1953170−11.0%
1961129−24.1%
197144−65.9%
198128−36.4%
ГодинаНас.±%
199114−50.0%
19946−57.1%
20023−50.0%
202111+266.7%

Според пописот од 2002 година, во селото имало 3 жители, Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 7 Македонци, 1 Србин и 3 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 264 191 170 129 44 28 14 6 3 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Родови во селото се: Влашчани (2 к.) потекнуваат од предок Влав, он најпрво престојувал на планината Спопска Црна Гора, овој род се дели на Гижаровци, Зајчовци и Бостанџиовци; Лабурини (5 к.) и Саламандуровци (4 к.) потекнуваат од двајца браќа доселени од некое село кај Биначка Морава, во родот Саламандуровци се знае следното родословие: Драган (жив на 81 г. во 1969 година) Ацо-Петар-Стефко-Златан, поддалечните предци не ги памтат; Спасовци (4 к.) потекнуваат од предокот Спасо кој бил православен Ром, се доселил од селото Ѓерекара во областа Биначка Морава, го знаат следното родословие: Лазо (жив на 59 г. во 1969 година) Бојко-Цветко-Стефко-Стефан, поддалечните предци не ги знаат.[11]

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  3. Македонците биле забележани како Бугари.
  4. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1971). Скопска Црна Гора. Скопје: Универзитет Кирил и Методиј.
  12. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

уреди