Варовиште

село во Општина Крива Паланка

Варовиште — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка и на 2 километри од Осоговскиот манастир.

Варовиште

Поглед на маалото Горно Варовиште

Варовиште во рамките на Македонија
Варовиште
Местоположба на Варовиште во Македонија
Варовиште на карта

Карта

Координати 42°12′32″N 22°21′45″E / 42.20889° СГШ; 22.36250° ИГД / 42.20889; 22.36250
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 69 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1330
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15004
Надм. вис. 1.114 м
Слава Спасовден
Варовиште на општинската карта

Атарот на Варовиште во рамките на општината
Варовиште на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, недалеку од самиот град Крива Паланка, па затоа припаѓа на неговата рурбална зона. Се наоѓа на левиот брег на Крива Река.[2] Селото раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 800 до 1.160 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 3 километри.[2]

Селото се наоѓа лево од реката Крива Река, на височина од 900 до 1000 метри. Околни села се: Кркља на исток и Кошари на југ.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Преслап, Прештип, Кицева Дубица, Мрџаново Дрво, Клисарво, Бабина Њива, Бабин Дол, Ќурќево Њивче, Зајачка Њива, Горњи Рид, Осоје, Селиште и други.[3]

Селото има разбиен тип. Се разликуваат две маала: Горно и Долно, кои се прилично издвоени едно со друго.[3]

Селото Варовиште се наоѓа на два километри од Осоговскиот манастир. Географски е дел од областа Славиште. Селото се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини. Јужно од селото се наоѓа селото Кошари, источно е селото Кркља, северно е селото Дрење, а западно е градот Крива Паланка.

Историја

уреди

Селото нема никакви старини, ниту изградени цркви.[3]

Народната традиција наведува дека земјиштето на денешното село било манастирско, односно припаѓала на Осоговскиот манастир. Подоцна, таа земја била присвоена од некој Турчин од Крива Паланка.[3]

Денешното село спаѓа во поновите села од областа, основано е околу 1840 година. Основачи на селото биле доселеници од други села од околината на Крива Паланка, а потоа и од околината на Кочани, но и од градот Радомир во Бугарија. Најпрвин, ја обработувале земјата на Турчинот. Во текот на основањето, селото се поделило на Горно и Долно Маало.[3]

Во XIX век, Варовиште било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Пред крајот на Втората светска војна имало најголем број на куќи, но подоцна дошло до иселување.[3]

Стопанство

уреди
 
Поглед на селото

Атарот е мал и зафаќа простор од 4,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 242,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 117 хектари, а на пасиштата само 74,5 хектари.[2]

Селото има скрони услови за земјоделство и сточарство. Поради тоа, многумина од селото оделе на привремена работа како градежници.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948213—    
1953231+8.5%
1961192−16.9%
1971186−3.1%
1981144−22.6%
ГодинаНас.±%
199194−34.7%
1994108+14.9%
200287−19.4%
202169−20.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Варовиште имало 90 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Варовиште имало 127 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

По Првата светска војна селото било дел од општина Дурачка Река и имало 127 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Селото е мало со некои раселени маала, а во целина во 1961 година броело 192 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 111 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Варовиште живееле 87 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 69 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 127 213 231 192 186 144 94 108 87 69
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Варовиште е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, доселени околу 1840 година.[3]

Родови во Варовиште се:

  • Горно Маало: Величковци (5 к.), доселени се од Радомир во Бугарија, го знаат следното родословие: Славе (жив на 70 г. во 1973 година) Спасе-Величко-Митре, основачот на родот; Калиновци (4 к.), Николовци (3 к.) и Јовановци (1 к.), потекнуваат од ист предок, доселени се од селото Градец.
  • Долно Маало: Мачкарци (4 к.), доселени се од селото Д’лги Дол, Кочанско; Ќосевци (4 к.), доселени се од селото Градец; Бошковци (3 к.) доселени се од селото Осиче и Ристовци (3 к.), и тие се доселени од Градец.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Цоневци (14 к.), Спасевци со Дедо Ѓорѓинци (3 к.), Калинци (2 к.) и Ристини (7 к.) со Дедо Коцевци (3 к.)
  • Доселеници: Мачкарци (3 к.) доселени се околу 1883 година од некое село во околината на Кочани; Бошковци (5 к.) доселени се околу 1885 година од селото Осиче.[13]

Општествени установи

уреди

Порано, селото поседувало училиште во склоп на Осоговскиот манастир.[3]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Градот Крива Паланка, во која влегувале градот Крива Паланка и селата Варовиште, Дрење, Кошари и Лозаново.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0960 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 85 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[16]
Манастири

Редовни настани

уреди

Иселеништво

уреди

Четири домаќинства на селото се иселиле и живеат во селото Каратманово, Овче Поле.[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 47. Посетено на 9 мај 2019.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 318–320.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 мај 2019.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 9 мај 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-09. Посетено на 9 мај 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди