Расино

село во Општина Охрид

Расино — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Расино

Традиционална куќа во селото Расино

Расино во рамките на Македонија
Расино
Местоположба на Расино во Македонија
Расино на карта

Карта

Координати 41°12′15″N 20°51′32″E / 41.20417° СГШ; 20.85889° ИГД / 41.20417; 20.85889
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6306
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 961 м
Расино на општинската карта

Атарот на Расино во рамките на општината
Расино на Ризницата

Потекло на името

уреди

Селото најпрвин запишано како Расино се сретнува во 1583 година во турски документи. Се верува дека името потекнува од личното име Рас или Расо, или пак Раса.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Охрид.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 820 метри. Од самиот град Охрид е оддалечено 16 километри.[3]

Куќите на ова мало село се распослани во горниот тек на малата река Вапилица, десна притока на Коселска Река. Околни села се: Вапила, Опеница, Сирула и Завој. Мештаните со вода за пиење се снабдуваат од извори и бунари.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Краста, Требишки Рид, Дебранка, Мамачов Рид и Селиште.[4]

Селото е од збиен тип и не се дели на маала.[4]

Сместено е на југозападните падини на Плакенска Планина.

Историја

уреди

Покрај селото постои месноста Селиште, каде според народната традиција се верува дека се наоѓало старо село. За време на турското владение, ова селиште пропаднало. Денес, не може да се забележат старини на тоа место.[4]

Во XIX век, Расино било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

За селото не се води катастарска евиденција, поради што нема распределба на атарот по површини.[3]

Селото нема големи услови за земјоделство, освен малкуте земја во долината на реката Вапилица. Но, има услови за сточарство, особено на одгледување кози.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194864—    
195372+12.5%
196178+8.3%
197156−28.2%
198137−33.9%
ГодинаНас.±%
199113−64.9%
199413+0.0%
20028−38.5%
20213−62.5%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 60 домаќинства и 156 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Расино живееле 60 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Расино имало 64 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Росино е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[8]

Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Така, во 1961 година селото имало 78, а во 1994 година само 13 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Расино живееле 8 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 64 64 72 78 56 37 13 13 8 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Расино е македонско православно село. Во селото има два рода, кои се доселиле во селото. Потеклото на овие рода не се знае.[4]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:[14]

  • Доселеници: Јанчевци или Јаќимовци (2 к.), доселени се во 1845 година од селото Сирула. Таму припаѓале на родот Јанчевци; Младеновци или Доневци (1 к.), доселени се во 1912 година од селото Сирула. Таму припаѓале на родот Младеновци; Лушковци (2 к.), доселени се во 1924 година од селото Куратица. Таму припаѓале на истоимениот род; Аврамовци (1 к.), доселени се во 1926 година од селото Куратица. Таму припаѓале на родот Петревци; Дичовци (1 к.), доселени се кога и претходниот род. Доселени се од селото Куратица, каде припаѓале на родот Колевци.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална Општина Косел.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Косел.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која селото Расино, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Речица, Свиништа, Сирула и Косел. Во периодот 1950-1952, исто така, постоела општината Косел, во која влегувале селата Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула.

Избирачко место

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1337 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Вапила.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 82 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Чешма — средновековна населба
Цркви[18]

Иселеништво

уреди

Се знае за следните иселени родови од селото: Расинци (1 к.) во Горно Лакочереј.[4]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 139. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 255. Посетено на 6 ноември 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 104-105.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, с. 252
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 29.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 ноември 2019.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Русиќ, Бранислав. Охридско Поле-Расино. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди