Пештани (Охридско)

село во Општина Охрид

Пештани — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Пештани

Глетка на Пештани

Пештани во рамките на Македонија
Пештани
Местоположба на Пештани во Македонија
Пештани на карта

Карта

Координати 41°0′55″N 20°48′32″E / 41.01528° СГШ; 20.80889° ИГД / 41.01528; 20.80889
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 1.145 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6000
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19038
Надм. вис. 966 м
Пештани на општинската карта

Атарот на Пештани во рамките на општината
Пештани на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото доаѓа од таму што во околината се наоѓаат многу пештери.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото од езерото

Ова село се наоѓа во Охридско, во јужниот дел на територијата на Општина Охрид, покрај брегот на Охридското Езеро и на самиот пат Охрид-Свети Наум.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Охрид, селото е оддалечено 15 километри.[3]

Селото претставува средишна населба во западниот дел на планината Галичица. Се наоѓа долж брегот на Охридското Езеро, а низ него поминува патот Охрид-Свети Наум.[2] Истото до крајот на Втората светска војна имало вистински селски амбиент. Куќите биле без ред и сместени во подножјето на стрмниот засек. Меѓутоа, по 1945 година, Пештани станало средиште за околните села. Денес, селото е долго 1 километар и поседува бројни современи куќи.[2]

Поради поседувањето на месна канцеларија, централно основно училиште, амбуланта, пошта, продавници, хотели и вили, за населбата може да се каже дека претставува мала паланка од туристички и рибарски тип. Покрај селото се наоѓаат камповите „Градиште“ и „Елешец“.[2]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Анѓелец, Горно Село, Попоа Нива, Ѓоноо, Добра, Марејнца, Скала, Градиште, Краста, Болетирен, Плоча, Поле, Глаишоо и Велена.[2]

Селото е сместено во подножјето на планината Галичица на источниот брег на Охридското Езеро, 12 километри јужно од градот Охрид.

Панорамски поглед на селото

Историја

уреди
 
Гравура од Христофор Жефарович од XVIII век на која се прикажани: Охрид, Елшани, Пештани, Трпејца и црквата „Св. Богородица Заумска“

Поширокото подрачје на селото е населено уште од бронзеното време, за што сведочи денес реконструираната наколна населба Залив на Коските со нејзиниот „Музеј на вода“.

Постои традиција дека селото некогаш се наоѓало во месноста Горно Село, која се наоѓа на североисточниот крај од селото. На ова место е наоѓалиштето Старо Село, каде се пронајдени остатоци од средновековни градби и предмети од секојдневниот живот.[4]

Возвишувањето Градиште или Богоројца се наоѓа 2 километри јужно од Пештани. Таму се наоѓаат камења од некогашната тврдина.[2]

Во XIX век, Пештани било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Б. Нушиќ во 1894 година за Пештани запишал дека во селото постоел еден чифлиг кој припаѓал на Мухамед-бег и во селото имало 80 куќи, од кои 60 христијански и 20 муслимански. Во него се наоѓале џамија и црква.[2] Муслиманите од селото по 1913 година се преселиле во градот Охрид.[2]

Стопанство

уреди
 
Поглед на Пештани со езерото

Селото нема голем атар и зафаќа простор од 6,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 280 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 207 хектари, а на пасиштата само 5 хектари.[3]

Денес, Пештани, нема некоја впечатлива земјоделска дејност, туку тоа прераснало во туристичка и рибарска населба.[3]

До Втората светска војна, мештаните се занимавале главно со рибарство, продажба на дрва во Охрид и одгледување кози. Меѓутоа, по војната настанале промени. Сѐ повеќе се зголемувало значењето на туризмот, а се намалувале другите дејности. Бил изграден хотелот „Десарет“, како и два кампа. Потоа, исто така, со развојот на индустријата во градот Охрид, многумина се вработиле и таму.[2]

Во денешно време, населението на Пештани е свртено кон развојот на туризмот и други сродни гранки. Добро се развиени услужните дејности: трговијата, угостителството и сообраќајот. Се градат нови приватни капацитети за сместување гости, како и приватни хотели.

Туризам

уреди

Пештани располага со бројни сместувачки капацитети, меѓу кои најголем е хотелот „Десарет“.

Сообраќај

уреди

Низ Пештани минува патот за манастирот Свети Наум, кој преку истоимениот граничен премин е поврзан со Албанија.

Пештани е поврзано со автобуска линија Охрид-Св. Наум, со чести поаѓања.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948913—    
19531.024+12.2%
19611.147+12.0%
19711.222+6.5%
19811.334+9.2%
ГодинаНас.±%
19911.418+6.3%
19941.346−5.1%
20021.326−1.5%
20211.145−13.7%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото Пештани имало 90 домаќинства и 268 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пештани живееле 610 жители, од кои 560 Македонци христијани и 50 Македонци-муслимани.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пештани имало 720 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пешчани е претставен како македонско село со мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Охридската каза на Битолскиот санџак со 105 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[9]

Поради својата разновидна функција, Пештани е голема населба, населена со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 1.147 жители, а во 1994 година, бројот се зголемил на 1.346 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живееле 1.326 жители, од кои 1.319 Македонци, 1 Србин и 6 останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.145 жители, од кои 1.064 Македонци, 1 Влав, 2 Срби, 6 останати и 72 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 610 720 913 1.024 1.147 1.222 1.334 1.418 1.346 1.326 1.145
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Селото Пештани отсекогаш во целост било населено само со Македонци од православна вероисповед. Родови во селото Пештани се:[2]

  • Стари родови се сметаат: Азевци (20 к.), Палевци (15 к.), Клишевци (10 к.), Кикевци (10 к.), Макачовци (12 к.), Симоновци (12 к.) и Бакулески (8 к.). Сите овие родови слават Свети Никола;
  • Доселени македонски родови се: Башовци (15 к.) и Толевци (20 к.), (слават Духови) и двата рода од селото Црвена Вода во Дебрца; Зимовци (24 к.), Блажевци (10 к.), Гуговци (13 к.), Пецовци (13 к.), Душмановци (12 к.), сите слават Света Петка и не го знаат местото на својата старина.

Во Пештани се подигнати и куќи на жители од Скопје, но и други места, чии куќи се и постојано населени.[2]

Општествени установи

уреди
 
Поштата во селото

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Пештани, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Пештани, во која влегувале селата Елшани и Пештани.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1290 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште во Пештани.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 676 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Св. Кузман и Дамјан“
 
Музејот на вода, реконструкција на наколно живеалиште од бронзеното и железното време кај Пештани
Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви[20]
Параклиси
  • Параклис „Св. Ѓорѓи“
  • Параклис „Св. Петка“
Музеи
Пештери[21]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди
Родени во Пештани

Култура и спорт

уреди

Секоја година во Пештани се одржува меморијалниот турнир во мал фудбал „Стефан Толески“ во чест на прерано заминатиот фудбалер Стефан Толески. На турнирот учествуваат екипи од регионот. Турнирот започнува на крајот на јули, а завршува на 13 август, роденденот на Стефан Толески.

Иселеништво

уреди

Од селото е забележано мало иселување на некои домаќинства кон градот Охрид.[2]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 234. Посетено на 17 јануари 2019.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 274. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јануари 2020.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
  17. „Отворена полициска канцеларија во Пештани“. Сител Телевизија. Посетено на 2020-01-17.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 15 јануари 2020.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-07-13. Посетено на 15 јануари 2020.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Манаковиќ Д., Андоновски Т., Колчаковски Д. (1993): Подземни карстни форми во Националниот парк “Галичица”. Годишен Зборник на ПМФ, Институт за Географија, бр. 31-32, стр.: 37-71, Скопје.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945 година. Охрид. 1976.
  23. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  24. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди