Грешница (Порече)
Грешница — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Грешница | |
Поглед на влезот во селото и главната селска црква „Св. Петка“ | |
Координати 41°33′42″N 21°11′25″E / 41.56167° СГШ; 21.19028° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 17 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6530 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03012 |
Надм. вис. | 680 м |
Грешница на општинската карта Атарот на Грешница во рамките на општината | |
Грешница на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Порече, во западниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 11 километри.[2]
Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 22,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.675,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 198,8 хектари, а на обработливото земјиште 127,3 хектари.[2]
Историја
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) под името Градешнича со 60 семејства и 8 неженет и 3 вдовици, сите христијани.[3]
Во XIX век, Грешница било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грешница имало 450 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грешница имало 400 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грешница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Грешница е мала населба доведена во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 229 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 39 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Грешница имало 27 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 13 Македонци и 4 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 400 | 298 | 312 | 229 | 158 | 105 | 73 | 39 | 27 | 17 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиГрешница е македонско село.
Според истражувањата од 1926 година, родови во Грешница се:
- Староседелци: Поповци (13 к.) доселени се од околината на Ниш во Србија. Ова е стар свештенички род, преку 300 години. Овој род порано го опслужувало цело Порече. Неколку свештеници од овој род ги убиле Турците (Димитрија, Блаже, Димитрија); Данковци-Камендоловци (24 к.) доселени се од селото Камен дол во Кавадаречко; Кадијовци-Марковци (21 к.) доселени се од некое село Кадино Село во Охридско (?) близу грчката граница (такво село не постои, можеби се мисли на прилепското); Пашовци (1 к.) стар род, кој не се размножувал, доселеници со непозната старина; Грдановци (2 к.) доселени се од селото Требино; Василевци (2 к.) доселени се од раселеното село Барбарос; Бурџиевци (1 к.) доселени се од Охридско; Алабаковци (1 к.) исто така доселени се од Охридско, од охридско најпрво се населиле во Девич, па од таму дошле во Грешница, со Бурџиевци потекнуваат од заеднички предок, некој предок од овој род некое време живеел и во Скопје, таму бил познат како Мутавџиовци; Кокевци (1 к:) доселени се однекаде; Теиловци (1 к.) доселени се од Црешнево; Мојсовци (1 к.) доселени се од Македонски Брод, а во Македонски Брод од Староец во Кичевско.[15]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Грешница се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суво Дол и Требино.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[19]
- Црква „Св. Петка” — главна селска црква
Личности
уредиЛичности родени во Грешница:
- Андон Апостолски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Методија Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Иван Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Лефтерија Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Милосав Велески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Стерија Бошкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Зарија Апостолоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Стојмир Богески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Иван Божиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Милија Матески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Стојмир Миладиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Ѓopѓиja Дукоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Трајан Аврамоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Димко Стојчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Целе Кочоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Јанкула Стефаноски (1914 - 1943) — загинат во НОБ.
- Богдан Милески (1914 - 1944) — загинат во НОБ.
- Стојан Дукоски (1914 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
- Стојан Талески (1922 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 87. Посетено на 29 септември 2017.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 240
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 септември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 20,00 20,01 20,02 20,03 20,04 20,05 20,06 20,07 20,08 20,09 20,10 20,11 20,12 20,13 20,14 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
- ↑ 21,0 21,1 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
уреди- Грешница (Порече) на Ризницата ?