Костин Дол (Кочанско)

село во Општина Кочани

Костин Дол — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Костин Дол

Поглед на Костин Дол

Костин Дол во рамките на Македонија
Костин Дол
Местоположба на Костин Дол во Македонија
Костин Дол на карта

Карта

Координати 42°01′22″N 22°27′0″E / 42.02278° СГШ; 22.45000° ИГД / 42.02278; 22.45000
Регион  Источен
Општина  Кочани
Област Осоговија
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13017
Надм. вис. 840-1.100 м
Костин Дол на општинската карта

Атарот на Костин Дол во рамките на општината
Костин Дол на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Костин Дол се наоѓа на падините на Осоговските Планини, меѓу теченијата на Бела и Црна Река. Селото е планинско и од разбиен тип, а маалата се издигаат на надморска височина од 840-1.100 м. Селскиот атар зафаќа површина од 5,9 км2. Од Кочани е оддалечено 18 км.[2]

Историја

уреди

Во Првата балканска војна, 1 лице од Костин Дол било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Стопанство

уреди

Во рамките на селскиот атар, шумите зафаќаат површина од 191 а, потоа следуваат пасиштата со 150 ха и обработливото земјиште со 124 ха.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948192—    
1953192+0.0%
1961161−16.1%
1971105−34.8%
198148−54.3%
ГодинаНас.±%
199133−31.2%
199417−48.5%
200220+17.6%
20212−90.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костин Дол живееле 300 жители, сите Македонци.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Костин Дол имало 304 Македонци патријаршисти.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Костин Дол живеат 20 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 304 192 192 161 105 48 33 17 20 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.

Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.

Во XIX век, Костин Дол било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 895 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница. Со ова избирачко место е опфатено и селото Ново Село.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[13]

Култура и традиција

уреди

Во минатото, селото било познато по тоа што во него имало валавници, а и околната месност била наречена по нив.[14]

 
Манастирот Св. Симеон Столпник во Костин Дол

Културни и природни знаменитости

уреди
Манастири
Реки
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 159.
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 853.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 30 март 2021.
  13. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
  14. Валавниците – сеќавање на едно време. Општина Кочани. 26 март 2018.

Надворешни врски

уреди