Лозово
Лозово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, на патот помеѓу Велес и Штип. Старото име на селото е Џумајлија. Претставува едно од најголемите штипски села, а воопшто и овчеполски. Селото е административно седиште на истоимената општина.
Лозово | |
![]() Панорама на Лозово | |
Координати 41°47′2″N 21°54′20″E / 41.78389° N; 21.90556° EКоординати: 41°47′2″N 21°54′20″E / 41.78389° N; 21.90556° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Овче Поле |
Население | 896 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2208 |
Шифра на КО | 24043, 24543 |
Надм. вис. | 324 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото Лозово се наоѓа во западниот дел на Овче Поле, оддалечено 15 километри североисточно од Велес и 19 километри југозападно од Свети Николе.
ИсторијаУреди
Лозово е населено уште од неолитско време, за што сведочат остатоците од две населби од тоа време.
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 150 Турци.[1]
Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 896 жители, од кои 851 Македонец, 8 Турци, 26 Власи и 6 останати и спаѓа во групата на големи села.[2]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 521 |
1953 | 30 | — | 571 | 16 | — | — | — | 8 | 625 |
1961 | 520 | 3 | 13 | — | — | 7 | — | 27 | 570 |
1971 | 695 | — | 10 | — | ... | 8 | — | 56 | 766 |
1981 | 871 | — | 4 | — | 36 | 15 | — | 33 | 959 |
1991 | 874 | — | 5 | — | 40 | 13 | — | 11 | 943 |
1994 | 889 | — | 5 | — | 39 | 6 | — | 7 | 946 |
2002 | 851 | — | 8 | — | 26 | — | — | 6 | 896 |
Во пописот од 1953 година, 91 % од вкупното население го сочинувале Турци, кои во средината на 50-тите години масовно се иселуваат во Турција и на нивнот место се населуваат Македонци од Кривопаланечко и Кратовско. Освен Македонците во Лозово живее и мала заедница на влашко население.
РодовиУреди
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
Српски
- Доселеници: Симо (1 к.), Томо (1 к.) и Нестор (1 к.) доселени се во 1923 година како колонисти. Последниот е од Хрватска, а другите од Србија.
Македонски
- Доселеници: Доселени се во периодот помеѓу 1954-1958 година. Од Кочанско (4 семејства). Рудник кај Велес (1 семејство). Лесново кај Пробиштип (2 семејства). од Кривопаланечко (70 семејства, од Станча, Дурачка Река, Дренак). и од Кратовско (10 семејства).
Албански
- Доселеници: Доселени помеѓу 1954 и 1958 година. од околината на Гнилане (7 семејства). и од околината на Урошевац (4 семејства). Подоцна иселени.[4]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 1706 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 645 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта
- Ливади - Огради — населба од неолитско и римско време
- Старо Село - Ќоочун — населба од неолитско време
СпортУреди
ФК Работник (Лозово), има настапувано во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).
ИселеништвоУреди
Од 1954 до 1958 година од селото се иселиле 66 турски семејства во Турција. Турците заминале во Измир и во местото Дургут во непосредна близина на Измир.[4]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врскиУреди
„Лозово“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Лозово на Карти на Google
- Општина Лозово