13 Ноември (населба)

населба во Општина Аеродром

13 Ноември — високоурбанизирана населба во северозападниот дел на Општина Аеродром. Наречена е според Денот на кој е ослободено Скопје.

13 Ноември
Населба
Југозападниот раб на населбата и населбата Острово во позадина
Југозападниот раб на населбата и населбата Острово во позадина
Населените места во Општина Аеродром
Населените места во Општина Аеродром
Координати: 41°59′24″N 21°27′38″E / 41.99000° СГШ; 21.46056° ИГД / 41.99000; 21.46056
ДржаваМакедонија
ОпштинаАеродром
Површина
 • Вкупна20,84 ха (5,150 acres)
Карта
Карта на 13 Ноември.

Географија

уреди

На југ граничи со населбата Аеродром, на исток и на север со Јане Сандански, додека на север и северозапад со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница). Во крајниот југозапад еден крак се граничи со населбата Острово.

Демографија

уреди

Според пописот од 2002, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 63.764
Албанци 850
Турци 464
Роми 459
Власи 651
Срби 2.125
Бошњаци 403
Други 6.392

Општествени установи

уреди
  • Мајчин Дом

Културни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
  2. Осветување на нов храм[мртва врска]
  3. „Стартува изградбата на новата црква во скопски Аеродром“. Курир. Посетено на 1 јануари 2023. На |first= му недостасува |last= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди