Градешница

село во Општина Новаци, Македонија

Градешница — едно од најпознатите села во областа Мариово, во составот на Општина Новаци, во околината на градот Битола. Познато е како родно место на ликот Итар Пејо од народните приказни.

Градешница

Сокак во селото

Градешница во рамките на Македонија
Градешница
Местоположба на Градешница во Македонија
Градешница на карта

Карта

Координати 41°5′6″N 21°45′47″E / 41.08500° СГШ; 21.76306° ИГД / 41.08500; 21.76306
Регион  Пелагониски
Општина  Новаци
Област Мариово
Население 35 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7000
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02031
Надм. вис. 800 м
Градешница на општинската карта

Атарот на Градешница во рамките на општината
Градешница на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Името на селото доаѓа од апелативот град (градец, утврдена населба). Се смета дека поимот Градешница означувал големо населено место, а порано во однос на другите мариовски села било најнапредно со што и личело на град. Во времето на феузализмот, градец означувало „тврдина“.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, во крајниот источен дел на територијата на Општина Новаци, чиј атар на една страна се допира со подрачјето на Општина Прилеп, а на друга страна со државната гранична линија со Грција.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Селото е едно од најизолираните места во државата, па така од централното место Битола е оддалечено дури 55 километри,[3] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 44 километри.[2] Селото е поврзано со градот Битола преку регионалниот пат 2338.

Градешка Река, која поминува низ самото село, се смета за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата.[4] Реката извира на планината Ниџе.[5]

Историја

уреди
 
Градешница во почетокот на XX век

Една легенда говори дека селото било создадено со доселување на мештаните од Пешта, која се наоѓа на еден рид во непосредна близина на селото. На ридот на височина од 1.100 метри има остатоци од градби од римско време. Друга легенда говори дека жителите на некогашното село Лешче се стопиле со жителите на селото Градешница.[2]

Освен овие легенди, нема податоци за тоа кога настанало селото, но според археолошките наоди може да се утврди дека на местото на денешното село постоел континуитет на живеење дури од праисторијата. Доказ за ова е керамиката украсена со спирали вградена во црквата „Св. Ѓорѓи“, во горниот дел на селото.[2]

Римската тврдина Пешта, која се наоѓа помеѓу селата Градешница и Старавина, имала доминантна стратешка позиција во областа и привлекла да се изградат резиденцијални вили во селото. Вилите биле сместени во месноста Темнички Вир, а според Бранислав Ристевски од Институтот за старословенска култура во Прилеп тие постоеле во периодот од средината на II до крајот на III век. Денес, на тоа место се наоѓаат црквите „Св. Ѓорѓи“, „Св. Андонија“ и „Св. Спас“.[2]

Селото било едно од главните места на која започнала Мариовско-прилепската буна во 1564 година, поддржана од попот Димитри.[6] Буната од Мариово се проширила во повеќе прилепски села.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7]

Стопанство

уреди

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 83,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 4.755,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 2.046,5 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 1.471,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Градешница била многу развиена населба со застапеност на занаети.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.013—    
19531.085+7.1%
19611.019−6.1%
1971770−24.4%
1981687−10.8%
ГодинаНас.±%
1991157−77.1%
1994115−26.8%
200289−22.6%
202135−60.7%

Демографски статистики за селото Градешница во османлискиот период:[8]

Османлиски дефтери Домаќинства Неженети Вдовици Годишен приход
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. 100 9 11 12092
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. 109
Дефтер бр. 73 од 1519 г. 147 10 10 8414
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. 141 20 6 7848
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. 33 7 4070

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градешница живееле 1.170 жители, од кои 1.080 Македонци, 80 Власи и 10 Роми.[9] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градешница имало 1.200 Македонци, патријарашисти.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Градешница се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 159 куќи.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[12]

Од Градешница се иселил голем број од населението, така што, тоа преминало од големо во мало село. Во 1961 година селото броело 1.019 жители, додека во 1994 година бројот се намалил дури на 115 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Градешница живееле 89 жители, од кои 88 Македонци и 1 Турчин.[13]

Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото имало само 38 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 31 Македонец и 4 лица без податоци.[14]

Градешница како едно од најбогатите (во секаква смисла) македонски села, е типичен пример за уништувањето на македонските села во втората половина на XX век. Од етнички аспект отсекогаш Градешница била населена исклучиво со Македонци (немало колонизирани српски семејства по 1913 година). Како и цело Мариово, Градешница била позната по извонредно високиот наталитет, па дури до педесеттите години на XX век биле забележани неколку куќи со по дури 20 деца.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.170 1.200 1.013 1.085 1.019 770 687 157 115 89 35
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]


Општествени установи

уреди
 
Поранешното основно училиште
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Градешница било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.

Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Старавина, во која покрај селото Градешница, се наоѓале и селата Будимирци, Груништа, Зовиќ и Старавина.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0176 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината.[19]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[21]
  • Кале — населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време;
  • Маркоица - некропола од римско време; и
  • Вакафско Место - некрополола од хеленистичко време.
Цркви[22]

Најголема е црквата „Св. Никола“, пред чиј влез се наоѓа убава чешма. Црквата била урната за време на Првата светска војна, а била обновена во 1923 година. За тоа сведочи таблата поставена на левата страна на црквата на која пишува дека била обновена за време на владеењето на кралот Александар Караѓорѓевиќ.

Манастири
Реки[23]
Споменици
  • Статуа на коњ
  • Спомен-чешма за загинатите мештани во НОБ

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Градешница
  • Итар Пејо — познат лик од македонските народни приказни препознатлив по својата итрина и мудрост

Редовни настани

уреди
  • Mariovo Off-Road Experience — почнувајќи од 2012 година во последниот викенд на крајот од месец мај, селото било посетувано од големата велосипедска рута во рамки на големиот фестивал на отворено Мариово Off-Road Experience, кој започнувал и завршувал во селото Манастир.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-10-05. Посетено на 2021-11-07.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 84. Посетено на 10 ноември 2021.
  4. Група автори (2016). „Акциски мерки за заштита на природата од областа на хидрологија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 260. ISBN 978-9989-110-90-0.
  5. Александар Матески, „Градешница и Будимирци“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 106-107.
  6. Стојановски, Александар (2006). Македонија под турската власт: статии и други прилози. Институт за национална историја. 11 декември 1565 година, поименично се спомнуваат главните протагонисти на народното бунтување во Мариово. Тоа биле: Димитри Стале од с. Сатока, поп Димитри од с. Градешница, Матјо Никола од с. Бешиште, Стојан Пејо ...
  7. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  8. „Градешница (Gradesnica) Мариово - родното село на Итар Пејо“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-02. Посетено на 2 март 2014.
  9. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148-149.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 ноември 2021.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 12 ноември 2021.
  20. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 12 ноември 2021.
  21. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 27. ISBN 9989-649-28-6.
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  23. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 25. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди