Алдинци

село во Општина Студеничани
За крушевското село Алданци, видете овде.

Алдинци — целосно раселено село во Општина Студеничани, сместено во областа Торбешија.

Алдинци
Алдинци во рамките на Македонија
Алдинци
Местоположба на Алдинци во Македонија
Алдинци на интерактивна карта

Карта

Координати 41°48′11″N 21°25′42″E / 41.80306° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.80306; 21.42833Координати: 41°48′11″N 21°25′42″E / 41.80306° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.80306; 21.42833
Општина  Студеничани
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25002
Надм. вис. 1222 м
Алдинци на општинската карта

Атарот на Алдинци во рамките на општината
Алдинци на Ризницата

Географија и местоположба Уреди

Алдинци се наоѓа во областа Торбешија. Селото се наоѓа на горното течение на Кадина Река, на планината Голешница. Оддалечено е 41 километар јужно од Скопје и 35 километри јужно од општинскиот центар Студеничани.

Историја Уреди

Во XIX век, селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.

Население Уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948460—    
1953522+13.5%
1961373−28.5%
1971211−43.4%
1981158−25.1%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199424—    
20023−87.5%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алдинци живееле 110 жители, сите Албанци.[2]

Алдинци, според намалувањето на бројот на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 373 жители, а во 1994 година 24 жители, сите Албанци.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од само 3 жители, сите Албанци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 110 460 522 373 211 158 0 24 3 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови Уреди

Алдинци е македонско село населено со Албанци.

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Соф Караџа (14 к.) доселени се од местото Чаја во северна Албанија. Основачот на родот се викал Јусуф, кој се доселил во селото на почетокот од XIX век; Меролар или Мер-Караџа (27 к.) имаат исто потекло и време на доселување како и претходниот род. Го знаат следното родословие: Мерсељ (жив на 75 г. во 1951 година) Селман-Алил-Меро, кој се доселил во селото.[8]

Културни и природни знаменитости Уреди

Археолошки наоѓалишта
  • Калеградиште / опидум од доцноантичкото време. На 2 км јужно од планинарскиот дом „Караџица“, на рид со височина од 165 м над утоката на Аљагица во Кадина Река, на зарамнето плато со површина од 4 хектара се гледаат остатоци од одбранбен ѕид. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и тубулуси за довод на вода. Северно од градиштето, преку реката се наоѓа подградието на чија површина од околу 3 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
  • Муџицаградиште од доцноантичкото време. На 2,2 км југоисточно од селото и на 1,7 км југоисточно од планинарскиот дом „Караџица“, на највисоката кота од високиот рид обраснат со шума има зарамнета површина која е оградена со ѕид граден од камен, без малтер, чии димензии се 60 × 220 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал.

Поврзано Уреди

Наводи Уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
  3. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски Уреди