Горно Нерези

село во Општина Карпош

Горно Нерези — село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје.

Горно Нерези
Горно Нерези во рамките на Македонија
Горно Нерези
Местоположба на Горно Нерези во Македонија
Горно Нерези на интерактивна карта

Карта

Координати 41°58′44″N 21°22′23″E / 41.97889° СГШ; 21.37306° ИГД / 41.97889; 21.37306Координати: 41°58′44″N 21°22′23″E / 41.97889° СГШ; 21.37306° ИГД / 41.97889; 21.37306
Општина Карпош
Население 181 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25550
Надм. вис. 771 м
Горно Нерези на Ризницата
Поглед кон Горно Нерези од манастирот

Географија и местоположба Уреди

 
Манастирската црква „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези

Горно Нерези е ридско село сместено на западниот дел на северната падина на планината Водно на надморска височина од 600 метри.

Историја Уреди

На крајот на XIX век Горно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[2][3]

На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[2][4]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[5]

Археолошки наоѓалишта Уреди

  • Градиштеградиште со некропола од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото, на северните падини на Водно, на издадена карпеста чука со зарамнет врв во форма на триаголник и со димензии од 110 × 105 м се гледаат остатоци од одбранбен бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината на градиштето се гледаат темели од повеќе објекти и множество градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и монети. На северозападното подножје, при обработувањето на земјата се откриени повеќе гробови градени од камени плочи.
  • Св. Пантелејмоносамен наод од римското време. Во 1967 година, при изведувањето на конзерваторските работи во манастирот, во подот под централната купола на манастирската црква е откриен надгробен споменик од бел мермер со латински натпис. Споменикот е вратен на истото место, со натписот свртен надолу.

Стопанство Уреди

 
Куќи во Македонското етно село во Горно Нерези

Населението главно се занимава со сточарство и полјоделство.

Население Уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.041—    
19531.044+0.3%
1961229−78.1%
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
2002314—    
2021181−42.4%

Во Горно Нерези живеат 314 жители, од кои: 22 Македонци, 282 Албанци, 6 Турци, 1 Влав и 3 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 51 Македонец, 112 Албанци, 5 Турци, 1 Влав, 6 Бошњаци, 5 останати и 1 лице без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 288 1.041 1.044 229 314 181
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Општествени установи Уреди

 
Црквата „Св. Илија“ во Горно Нерези

Самоуправа и политика Уреди

Културни и природни знаменитости Уреди

  • Св. Пантелејмон“ — манастирска црква изградена во XII век;
  • Св. Илија“ — црква осветена на 23 октомври 2016 г. Изградена на место каде некогаш постоел крст со мал параклис, изграден во 1887 година.
  • Македонско етносело

Редовни настани Уреди

Личности Уреди

Култура и спорт Уреди

Иселеништво Уреди

Поврзано Уреди

  • Долно Нерези — некогашно село, денес градска населба меѓу Козле и Тафталиџе II

Наводи Уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 205. ISBN 954430424X.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.114-116.
  5. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски Уреди