Агино Село

село во Општина Куманово

Агино Село (понекогаш се среќава и само како Агино) — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Агино Село
Агино Село во рамките на Македонија
Агино Село
Местоположба на Агино Село во Македонија
Агино Село на карта

Карта

Координати 42°2′47″N 21°40′52″E / 42.04639° СГШ; 21.68111° ИГД / 42.04639; 21.68111
Регион  Североисточен
Општина  Куманово
Население 867 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1300
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17001
Надм. вис. 315 м
Агино Село на општинската карта

Атарот на Агино Село во рамките на општината

Географија и местоположба

уреди

Агино Село се наоѓа на најјужниот дел на Општина Куманово, во областа Жеглигово, 15 километри јужно од градот Куманово, а неговиот атар се допира со Скопската Котлина. На северозапад од него се издига Скопска Црна Гора.

Лежи веднаш од десната страна на железничката линија Скопје - Куманово. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 315 метри. Атарот на селото е 11,7 квадратни километри.

Во селото има автобуска и железничка станица.

Месната клима во селото е континентална, со влијанија од Егејското Море.

Историја

уреди

Остатоци од старини како многу стари гробови, ќупови, темели, огништа, каленици биле пронаоѓани во месностите Чешма и Саранлија (Голема и Мала) северозападно од селото, над пругата[2]. Денешното Агино Село е основано за време на османлиското владеење кон крајот на XVIII век од страна на доселени македонску родови, кои доаѓале на имотот на некој турски ага, според кој настанало името на селото[2]. Во времето на заминувањето на османлиската власт Агино Село било затечено со неколку чифлици чии сопственици живееле во Скопје[2]. Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Во 1905 година, Агино Село имало 29 македонски домаќинства, чиишто жители работеле односно обработувале „господарска земја“ при што сите куќни згради во селото припаѓале на сопствениците на чифлиците[2]. По заминувањето на османлиската власт, селани добиле сопственост на земјата преку аграрна реформа кога било „признато чифчиско право“[2].

Селото било зафатено од битките за време на Првата балканска војна. На 13 октомври 1912 година, турските војници стационирани во селото ги измамиле српските војници глумејќи дека се ранети Срби - по приближувањето на српските болничари, тие биле убиени.[3]

За време на османлиското владеење атарот на Агино Село бил доста простран кон северозапад, ширејќи сè до стариот пат Скопје - Куманово, меѓутоа по завршувањето на Првата светска војна во периодот 1921-1925 српската кралско-југословенска окупаторска власт потезите во северозападниот дел на атарот ги одземала и ги доделила на тогаш доселените српски колонисти во соседните села Умин Дол и Мршевци[2].

Во основа, етничкиот конфликт во Република Македонија во 2001 година го одминало Агино Село, село со доминатно етничко македонско население. Сепак, на 10 ноември 2001 од правец на селото биле слушнати истрели од огнено оружје.[4]

На почетокот од 2004 година, селото го привлече вниманието на македонската јавност со претепувањето на американскиот државјанин Серџо Тангума во локалниот ноќен клуб „Карамба“. Тангума бил сопственик на „Соуфан инженеринг“, една од фирмите што посредувале во ангажирањето на македонски наемни работници во Ирак.[1][мртва врска] Сепак и покрај првичните претпоставки на македонската јавност дека се работи за одмазда за тогаш скоро убиените Македонци во Ирак, основната причина за тепачката била љубомора.[2] Архивирано на 26 септември 2007 г.

Во 2015, Агино Село, за време на Европската мигранска криза, се нашло на Балканската рута на бегалците од Сирија и други земји кон Западна Европа. На 19 јуни 2015, непозната група кај Агино Село претепала и ограбила група на мигранти.[5]

Потекло и значење на името

уреди

Името на селото потекнува од турската воена титула ага. При основањето на денешното село, првите македонски доселеници започнале да се доселуваат на имотот на некој турски ага поради што настанало и името Агино Село[2]. После Првата светска војна, во 1924 година, српската и кралска југословенска окупаторска власт го променила името на селото во Петрово Село во чест на српскиот крал Петар Караѓорѓевиќ, а потоа бугарската окупаторска власт за време на Втората светска војна името на селото официјално го променила во Симеоново во чест на бугарскиот цар Симеон[2]. По ослободувањето повторно било вратено првичното име Агино Село.

Стопанство

уреди

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште зафаќа 958 хектари, пасиштата зафаќаат 103 хектари, додека 5.9 хектари се шуми. Во селото се наоѓа бензинската пумпа „Керамикс“. Исто така, функционира и маркетот „Мартиани“.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948652—    
1953757+16.1%
1961954+26.0%
1971922−3.4%
19811.059+14.9%
ГодинаНас.±%
1991927−12.5%
1994811−12.5%
2002965+19.0%
2021867−10.2%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Ага и било христијанско, каде имало 31 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 93 мажи христијани, со 8 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 210 жители.[6]

На почетокот на XX век, селото било со мешан етнички состав, поделено измеѓу мнозинско македонско православно население и малцинство на муслиманско турско население. Потоа Турците спонтано се иселиле во матицата.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]

Во 1961 година бројот на жители изнесувал 954, при што етничката дистрибуција била: 930 Македонци, 19 Срби и 5 припадници на други националности. Во 1994 година, бројот на жители се намалил на 811 жители - 798 Македонци, 12 Срби и еден припадник на другите националности. Половата дистрибуција била 417 мажи и 394 жени. Во селото имало 257 домаќинства, 291 станови и 204 земјоделски стопанства. Според пописот од 2002 година, бројот на жители се зголемил на 965 жители: 949 Македонци, 13 Срби и 3 припадници на другите националности.[8]

Селото е претежно со православна вероисповед.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 867 жители, од кои 783 Македонци, 34 Срби и 50 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 272 652 757 954 922 1.059 927 811 965 867
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Агино Село е во целост е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед, при што сите родови во селото се доселени од кои околу 100 домаќинства се стари доселеници уште време на отоманското владеење, а околу 35 домаќинства се доселени по Првата и особено после Втората светска војна[2]. Постари доселени родови се: Урошеви (слават Св. Ѓорѓи - посен) не се знае местото од каде се доселиле; Трајанови (слават Св. Ѓорѓи - посен) и нивната старина не е позната; Матејчани (слават Св. Ѓорѓи - посен) нивниот предок во 1905 година се доселил од кумановското село Матејче каде имаат(имале) роднини наречени Дедо-Радеви, а уште подалечно потекло имале од селото Режановце близу Куманово; Родовите Трпковци, Цветковци кои се доселиле од Режановце, Дедо-Ваневци кои се доселиле од Ајватовци, Лазеви кои се доселиле во 1908 г. од Мршевци и Тодорови слават Митровден; Родовите Атанасови, Тодевци и Јованкини слават Св. Атанасиј, но не е познато местото на нивното доселување; Маневи (слават Св. Архангел) се доселиле од селото Ѓуземелци во Овче Поле пред 200 години и се знае следното родословие: Благоја (жив на 47 години во 1964-Стојче-Стојмен-Мане-Стево); Алексеви (слават Св. Архангел) нивниот предок се доселил од Мршевци; Ѓорчеви (слават Св. Архангел) нивното потекло е не познато, но според зачестеноста на ова презиме во Тиквеш може да водат потекло од тие краишта; Црногорци (слават Св. Никола) се доселиле од Црешево; Темелковци (слават Св. Никола) се доселиле од Стањевци во Овче Поле; Лопатарци (слават Св. Никола) се доселиле од Лопате, а нивното подалечно потекло е од с. Думановце; Здравковци (слават Св. Никола) не е познато местото од каде што се доселиле; Пешевци (слават Св. Никола) и нивното потекло е непознато; Дивљанци потекнуваат од деца кои биле „доведени“ од Бујковци во род чиишто основачи биле од Дивље; Ваневски - нивните предци во Агино Село живееле уште во отоманско време, па потоа избегале во Куманово и се вратиле назад во селото[2]. Шопски родови кои се доселени по заминувањето на османлиското владеење се: Шопци дошле во 1924 г. од кривопаланечко Гиновци; Груинци; Милошеви; Јаначкови; Стојчеви; Станојкови; Кирови; Јашкови; Гереви; Манасиеви; Радојковци; Бијачковци; Станојковци; Димитровци сите се доселени во текот и по завршувањето на Втората светска војна од околината на Крива Паланка најмногу од селата Нерав, Герман и Петралица во Славиште; Чешмари се доселиле во 60-тите години на XX век од Кривопаланечко од селото Нерав, а се делат на повеќе помали „параспурски“ родови: Аритонови, Ноцкини, Стојанови, Ангелкови, нивните куќи се во месноста Чешма поради што го добиле ова заедничко име[2].

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Куманово, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Куманово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Куманово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Романовце, во која покрај селото Агино Село, се наоѓале и селата Биљановци, Брзак, Романовци и Студена Бара. Во периодот 1950-1952, селото исто така било дел од тогашната Општина Романовци, во која влегувале селата Агино Село, Брзак и Романовци.

Претседател на месната заедница е Стојанче Петровски.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта[17]

Култура и спорт

уреди

Во селото функционира секција на ФА Трајко Прокопиев.

Селото има свој фудбалски клуб - ФК Македонија Агино, кој има и свое игралиште.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске Котлине - развитак села, порекло становништва, привредне одлике (српски). 5. Скопје: Филозофски факултет. стр. 33–35.
  3. Свирчевић, Мирослав. Пропаганда против Србије за време Балканских ратова и после њих, 1912 - 1914 (PDF). Матица Српска. Посетено на 2016-05-27.
  4. „Владиниот портпарол обелоденувал строго доверливи информации“. Посетено на 2016-06-18.[мртва врска]
  5. „Претепани и ограбени мигранти во Агино Село“. Посетено на 2016-05-27.
  6. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 мај 2016.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Здружение на пензионери Куманово“. Посетено на 2016-05-27.
  15. „Список на Месни Заедници“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-26. Посетено на 2016-06-04.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

уреди