Рапеш
Рапеш — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.
Рапеш | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°6′11″N 21°38′53″E / 41.10306° СГШ; 21.64806° ИГДКоординати: 41°6′11″N 21°38′53″E / 41.10306° СГШ; 21.64806° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Мариово |
Население | 36 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7000 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02099 |
Надм. вис. | 700 м |
Слава | Спасовден |
![]() |
Потекло и значење на името уреди
Првпат името на селото било запишано како Храпеш во турски документи во XVI век. Името веројатно доаѓа од старословенскиот збор храпа што имал значење на „бара или локва“. Другата претпоставка е дека доаѓа од влашкиот збор арпа што имал значење на „бездна или стрмно место“. Како трета претпоставка е дека доаѓа од албанскиот збор рап што имал значење на „платан или платанова шума“.[2]
Сосем друго објаснување за името на селото е дека тоа потекнува од личните имиња на Харалампиј или на Рахослав.[3]
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, на источната падина на Селечка Планина. Рапеш се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.[4]
Низ селото поминува регионалниот пат 1311, кој го поврзува битолскиот дел на Мариово со градот Битола, од кој е оддалечено 35 километри.
Во селото се зачувани интересни и чисто македонски градби на куќите.[5]
Историја уреди
Селото Рапеш се смета за старо мариовско село. Во пописните турски дефтери од XV век се споменува село со 65 жители.[5]
Во текот на Првата светска војна, селото било зафатено од воените дејствија и мештаните го напуштиле селото. Селската црква била особено оштетена, која била обновена во 1919 година, кога рапевци се вратиле во селото.[3][5]
Стопанство уреди
Атарот зафаќа простор од 22,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.119 хектари, на пасиштата отпаѓаат 791 хектар, а на шумите 98 хектари.[4]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[4]
Поради богатството со дивеч, најмногу дива свиња, селото е често одредиште на ловџии. Исто така, бидејќи се наоѓа веднаш до Црна Река, селото е богато и со риба.[5]
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рапеш живееле 388 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рапеш имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Поради емиграција на населението, селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 478, а во 1994 година само 74 жители.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Рапеш живееле 46 жители, сите Македонци.[8]
Денес, според неслужбени информации од 2018 година во селото живееле само 20 жители.[5] Во поново време, селото доживеало обнова на своето население, откако многу ергени нашле жени од Албанија и во селото биле родени повеќе деца по долг период.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 36 жители, од кои 29 Македонци и 7 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 388 | 448 | 387 | 428 | 478 | 427 | 309 | 97 | 74 | 46 | 36 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Иселеништво уреди
Бројот на иселени лица изнесува над 600 жители. Најголем дел од нив се иселени во градовите Битола и Скопје, како и во прекуокеанските земји и во Европа.[5]
Општествени установи уреди
- Основно училиште „Славко Лумбарковски“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци
- Училиштето во селото било отворено во 1934 година, а се затворило во 1987 година, но во 2012 година повторно се отворило. Во него тогаш 5 деца на возраст од 6 до 9 години го започнале и продолжиле своето образование. За таа цел, училиштето било обновено.
- Дом на културата
Самоуправа и политика уреди
Во XIX век, Рапеш било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.
Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Маково, во која покрај селото Рапеш, се наоѓале и селата Брник, Ивени, Маково, Мојно и Орле.
Избирачко место уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 0180 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Брник и Ивени.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 58 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости уреди
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Лисичин Камен — населба од римско време;
- Сламите — тумул од железно и доцноримско време;
- Чуки — некропола од доцноантичко време;
- Каранка — некропола од железно време; и
- Бел Камен — некропола од железно време.
- Цркви[5]
- Црква „Св. Петка“ и „Св. Димитриј“ — главната селска црква, подигната во 1860 година.
- Манастири
- Рапешки манастир — манастир во изградба покрај параклисот „Св. Петар и Павле“
- Параклиси
- Параклис „Св. Петар и Павле“ — мал параклис во непосредна близина на селото
- Мостови
- Рапешки мост — мост на реката Црна, на кој поминува регионалниот пат 1311
- Езера
- Рапешко Езеро — мало езеро во близина на селото
- Реки
- Маковска Река — река која поминува низ селото
- Кабига Поток — мал поток, притока на Маковска Река
- Клисури
- Скочивирска Клисура — најголемата клисура во Македонија е во непосредна близина на селото
-
Рапешкиот манастир во изградба
-
Рапешки мост
-
Кабига Поток во близина на вливот во Маковска Река
-
Скочивирска Клисура кај селото
Редовни настани уреди
- Слави[3]
- Спасовден — главна селска слава
Личности уреди
- Родени во или по потекло од Рапеш
- Ило Трајковски (р. 1960) — социолог, универзитетски професор
Галерија уреди
-
Поглед на селото
-
Дом на културата
-
Детско игралиште
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 139. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Село Рапеш“. www.novaci.mk. Посетено на 2021-11-28.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 255. Посетено на 28 ноември 2021.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2021-11-28.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 244
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 ноември 2021.
- ↑ „Не останаа стари ергени во мариовски Рапеш“. kanal5.com.mk. Посетено на 2021-11-28.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Посетено на 5 ноември 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 40. ISBN 9989-649-28-6.
Поврзано уреди
Надворешни врски уреди
- Рапеш на Ризницата ?
- Село Рапеш, Мариово