Аразли
Аразли — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Аразли | |
![]() Воздушен поглед на местоположбата на селото Аразли | |
Координати 41°22′N 22°28′E / 41.367°N 22.467°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 170 м |
![]() |
Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во областа Бојмија, сместено во јужното подножје на планината Плавуш.
Се наоѓало во северозападниот дел на Општина Валандово, од десната страна на реката Вардар, на надморска височина од 170 метри.[2]
Крај селото тече Аразлиска Река и оди во југозападен правец, па се влева во Вардар.
До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Удово, до кое има асфалтен пат.
Историја
уредиЗа време на отоманскиот период селото било познато под името Аразли Менекли.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 90 домаќинства со 187 жители муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аразли живееле 350 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 100 Турци.[5]
Селото било наполно раселено по 1953 година, когашто броело 94 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Аразли немало жители.[6] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | — | 78 | 94 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика
уредиНа крајот од XIX век, Аразли било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Аразли се наоѓале селата Ајранли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Удово. Покрај селото Аразли, во ова избирачко место се опфатени и селата Ѓулели, Башали, Баракли, Градец и Удово.[11]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Реки
- Аразлиска Река — река низ селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 9.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-14. Посетено на 14 јануари 2024.