Долно Лакочереј
Долно Лакочереј — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Долно Лакочереј | |
Сред Село | |
Координати 41°9′32″N 20°47′44″E / 41.15889° СГШ; 20.79556° ИГД | |
Општина | Охрид |
Население | 608 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6000 |
Шифра на КО | 19015, 19515 |
Надм. вис. | 698 м |
Долно Лакочереј на општинската карта Атарот на Долно Лакочереј во рамките на општината | |
Долно Лакочереј на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Долно Лакочереј се наоѓа во северниот дел од Охридската Котлина, во подножјето на ридот Градиште (936 м.) што претставува дел од планинскиот масив Копарница што ја дели Охридската од Струшката Котлина. Се наоѓа на 5 км северно од градот Охрид и се надоврзува на градот веднаш после населбата Радојца Новичиќ, на надморска висина од 698 м. Од западната и северната страна селото е заградено со ридесто земјиште, а од источната и јужната страна се простира Охридското Поле.
Подрачјето на селото Долно Лакочереј (каде катастарски влегува и селото Орман) зафаќа површина од 11,3 км2. Од север се наоѓа селското подрачје на Горно Лакочереј, од исток е подрачјето на селото Лескоец, од југ е градското подрачје на Охрид, а од западната страна се подрачјата на селата Подмоље и Оровник.
Селото е од збиен тип со издолжен облик во насока север-југ, што е како резултат на конфигурацијата на теренот и е поделено на три маали: Горна, Средна и Долна маала. Во последните години селото и брзо се проширува кон југоисток, вдолж патот и целосно е споено со градот.
Историја
уредиАнтика
уредиСпоред пронајдените археолошки материјали во подрачјето на селото Долно Лакочереј може да се каже дека животот во овој простор започнал уште од најраните човекови периоди.
Во II век п.н.е. кога овој крај потпаднал под римска власт, во близина на местото каде што денес се наоѓа селото Долно Лакочереј минувал познатиот пат „Вија Егнација“ кој ги поврзувал западните со источните делови на Римската Империја. Тука живеело илирското племе Десарети.
Среден век
уредиВо триесеттите години од VII век охридската област била колонизирана од словенското племе Берзити, при што биле извршени коренити општествени промени.
Кон средината на IX век овој крај подпаднал под бугарска власт, а во 969 година цар Самуил завладеал во овие краишта, и Македонија воопшто. Во 1018 година [охридскиот крај повторно подпаднал под Римската Империја, од 1216 до 1230 година стапил под епирска власт, па потоа повторно се нашол под римска власт сè до 1334 година кога Охрид бил заземен од српскиот цар Душан. По смртта на цар Душан, охридскиот крај се одделил како самостојна феудална држава по управа на кралот Волкашин и Марко.
Османлиско завладејување
уредиКон крајот на XIV бек оваа област потпаѓала под османлиската власт. Во овој период треба да се бара и почетокот на образување на населбата под име Долно Лакочереј, кое административно припаѓало на нахијата Охрид. Од податоците што ги дава Опширниот пописен дефтер од 1582 година на Охридскиот Санџак, може да се заклучи дека селото било мешано по народносен состав, така што во него живееле 21 христијанин и 10 муслимани. Заедно со селата Хрит Захрит, Биџово и Градец, селото Долно Лакочереј било меѓу најмалите села во нахијата Охрид.
Што се однесува до општествено-економските односи, со доаѓањето на Османлиите, бил воспоставен тимарско-спахиски систем,а земјата во поголем дел била државна сопственост. Феудално зависно население држело ограничени парчиња земја, наречени баштини, кои по правило се наоѓале во рацете на христијанското население. Според тогашните општествени норми, ако баштината не се обработувала од сопственикот, тогаш таа преминувала во заедничка сопственост на сите жители од селото. На тој начин почнале да се образуваат и чифлизите во Долно Лакочереј.
Во стопански поглед, во тоа време, населението главно се занимавало со земјоделство и сточарство. Веројатно уште тогаш било развиено и одгледувањето на овошје, со оглед на податоците од 1592 година, селото Горно Лакочереј се вбројува меѓу најголемите производители на ореви. Долно Лакочереј во тоа време се споменува меѓу најголемите производители на мед, така што плаќало по 150 акчиња годишен ушур (данок).
Кон крајот на XVIII век земјата во Долно Лакочереј била под непосредна управа на полунезависниот феудалец Џеладин-бег. По неговото владеење од 1830 година земјата била прогласена за царска своина (емљах).
Натамошниот период од XIX век е исполнет со разновидни револуционерни движења против османлиската власт на Балканскиот Полуостров, а со тоа економската состојба на населението била доста неповолна поради зголемените даноци и давачки за војните. Во овој период се засилува и активноста на албанските разбојнички банди кои го ограбувала и онака сиромашното население. Заради тешката економска положба, се зголемило и преселничкото движење на населението од ридско-планинските кон полските села во Охридско, така што овој период се смета како време кога селото Долно Лакочереј ја добило денешната физиономија.
20-21 век
уредиОд 1961 година низ селото била поставена водоводна и електрична мрежа.
Во 2012 година бил изграден нов водоводен систем во вкупна должина од 4.500 м. Истиот бил финансиран со средства од М.З. Долно Лакочереј. За реализацијата на овој капитален проект особен придонес дале лицата: Сотироски Насте, Трифуноски Гоце, Костоски Влатко, Сотироски Гоце, Јованоски Номче, Љаткоски Владо, Петрески Љубе и други.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Лакочереј живееле 140 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Лакочереј имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Лакочереј е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 728 жители, од кои 727 Македонци и 1 Србин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 608 жители, од кои 548 Македонци, 5 Албанци, 8 останати и 47 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 200 | 601 | 699 | 747 | 826 | 889 | 931 | 646 | 728 | 608 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиВо селото Долно Лакочереј живеат македонски православни родови, сите родови во селото се доселенички.
Според истражувањата од 1978 година, родови во Долно Лакочереј се:
- Доселеници: Иљовци (20 к.) еден од најстарите родови во селото, доселени се од градот Поградец, во Албанија; Прдуловци (20 к.), Пидановци (13 к.) и Трајковци (8 к.) доселени се кога и Иљовци, доселени се од селото Велгошти; Илијовци (16 к.) доселени се од селото Лактиње во Дебрца. Во Илијовци се знае следното родословие: Ставре (жив на 71 г. во 1978 година) Јанаќи-Илија предокот кој се доселил од Лактиње. Споменатиот Илија имал браќа Стојан и Паунко, кои се населиле во селото Оровник, таму се познати под името Паунковци; Милевци (13 к.) доселени се од некое село во Струшко; Матевци (10 к.) доселени се од некое село во Дебрца; Крчевци (5 к.) и Речковци (6 к.) доселени се од селото Речица; Сметановци (12 к.) доселени се од селото Плаќе; Мутлаковци (6 к.), Устијановци (7 к.), Ликовци (5 к.) и Јовчевци (5 к.) се доселеници од непознато место; Сирулци (30 к.) најмлади доселеници, доселени се по Втората светска војна од селото Сирула.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Староседелци: Цапевци (3 к.), Бабачевци (1 к.), Шилигуновци или Димовци (2 к.), Маџуковци (1 к.), Тртевци (2 к.), Мутлаковци (3 к.), Сотировци (2 к.) и Грдановци (1 к.)
- Доселеници: Пидановци (4 к.), Крчевци (2 к.), Сметеновци (3 к.), Колимачевци (2 к.) и Мартиновци или Ликовци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде; Матевци или Милевци (9 к.) доселени околу 1850 година од селото Сошани во Дебрца; Прдуловци (8 к.) доселени се во исто време од селото Велгошти; Трајковци (2 к.) доселени се околу 1852 година од селото Оздолени во Дебрца; Пашичовци (1 к.) доселени се од селото Лешани во Дебрца; Маклијовци (4 к.) доселени се од селото Вапила; Јовевци (2 к.) доселени се околу 1880 година од селото Велмеј во Дебрца; Самарјановци или Илијовци (4 к.) доселени се околу 1880 година од селото Лактиње во Дебрца; Иловци (10 к.) доселени се околу 1885 година од селото Лин крај Охридското Езеро, денес во Албанија; Плаќановци или Трајчевци (1 к.) доселени се околу 1887 година од селото Плаќе; Лаптевци (2 к.) и тие се од Плаќе; Алачовци (4 к.) доселени се од селото Оровник; Грацковци (2 к.) доселени се од селото Вапила; Кадијовци (2 к.) доселени се од селото Сирула; Жилеви или Филиповци (2 к.) доселени се од селото Орман; Опеничани или Ѓоргијовци или Тодоровци (2 к.) доселени се во 1919 година од селото Опеница; Консуловци или Везировци (1 к.) доселени се од селото Ливоишта; Долгачовци (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Сирула; Иловци или Терзија (1 к.) доселени се од селото Скребатно; Целевци или Опеничани (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Опеница; Кулуман или Николовци (1 к.) доселени се од селото Косел.[11]
-
Куќа во јужниот дел на селото
-
Куќа во јужниот дел на селото
-
Куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во југозападниот дел на селото
-
Стара куќа во југозападниот дел на селото
-
Стара куќа во јужниот дел на селото
-
Стара куќа во јужниот дел на селото
Општествени установи
уреди- ПОУ „Кочо Рацин“ - подрачно основно училиште на ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид. Првично работело во старата училишна зграда во средиштето на селото, изградена уште во 1929 година која е целосно реновирана во 2002 година и која е користена за потребите на месната заедница. Во северниот дел на селото постои нова училишна зграда изградена 1966 година, целосно реновирана 2001 година во која е денес сместено.
- Културен центар „Македонија“ - порано познат како Задружен дом кога бил изграден во 1948 година со доброволно ангажирање на жителите од селото. На крајот на 2007 годинак бил преименуван установата и била обновена градбата. Местото располага со современа културно уметничка сала за потребите на жителите од селото во која се одржуваат свечености за време на православните празници, како и современа кујна и канцеларија. Во приземјето била сместена една фабрика за конзервирање на зеленчук со седиште во Охрид. Истата почнала со работа во 2001 година.
- Месна заедница - административно тело кое се занимава со инфраструктурниот и општествениот живот во Долно Лакочереј. Кадарот на месната заедница која раководела со селото во периодот 2000-2004 година, реализирала 20-тина значајни проекти за Долно Лакочереј. Во нејзиниот состав работеле: Ѓорѓиески Ило Папе (благајник), Крстаноски Ѓоре Мате (секретар), Ангелоски Злате Пидан и Илиески Тане. Во контролен одбор биле Сотироски Гоце и Здравески Димче.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- „Св. Недела“ - црква која се наоѓа во Горна Маала и претставува селската црква која била обновена во 1974 година врз темелите на постара црква.
- Археолошки наоѓалишта
- Баник — некропола од римското време;
- Василички Гробишта — раносредновековна некропола;
- Градиште — населба од бронзеното време;
- Дујгас — населба од римското време;
- Лак - Предикамица — населба од римското време;
- Св. Недела — населба и некропола од римското време;
- Реки и извори
- Опеничка Река - река која тече источно од селото.
- Милигоец - извор кој се наоѓа непосредна близина на црквата „Св. Недела“. Изворот има добиено нов лик во 2003 година благодарение на месната заедница чиј претседател бил Насте Сотироски.
Редовни настани
уреди- 14 јануари, Василица. На овој ден традиционално почнувајќи од 2000 година во Културниот центар „Македонија“ се организира прослава во чест на Василица.Истата е спонзорирана од месната заедница Долно Лакочереј.
- 20 јули, селска слава Св. Недела
- 11 октомври, Јаболкобер
Личности
уреди- Лазар Трајков Апостолоски — македонски револуционер од ТМОРО.[12]
- Насте Секулов Мутлак — македонски револуционер од ТМОРО.[13]
- Јонче Мутлакоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Ристо Мутлакоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Наум Ристов Петровски — македонски револуционер од ТМОРО.[15]
- Насте Мартиноски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Марко Маркоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Димо Шилигуноски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Ристо Ликоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Стојан Пердулоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Ристо Крчески — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Јове Бајрактарот — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Ристо Иљоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Ѓорѓи Иљоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Трифун Иљоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Веле Плаќаноски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Ѓорѓи Сметеноски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Лазар Трајкоски — македонски револуционер од ТМОРО.[14]
- Блаже Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Тоде Сметеноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Димко Гацкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Спасе Секулоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Насте Петрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Сребре Котески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Васил Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Тане Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Пере Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Спиро Димоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Коле Димоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Аргил Сотироски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ристо Устијаноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Илија Јованоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Науме Милески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Неде Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Коле Димкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Петруш Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Илија Тодороски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Трајче Илиески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Спасе Николоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Наум Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Крсте Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Никодин Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ѓорѓи Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Стојан Митрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ѓорѓи Митрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Пере Митрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Лазе Митрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Јонче Цветкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Борис Ристески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Лазар Ристески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ламбе Ристески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Петруш Матлијоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Стојан Јовески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Крсте Тасески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Трајче Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Димче Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ефтин Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Крсте Костоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ѓорѓи Костоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Стојан Мартиноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Вангел Мартиноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Тане Маркоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Димитри Маркоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ставре Маркоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Климе Маркоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Злате Целески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Димче Сметеноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ристо Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Пере Тасески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Мицко Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Никола Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ладе Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Димуш Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Ламбе Ѓорѓиески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Канагина Ѓорѓиеска — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Васил Тодороски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Петруш Петрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Климе Петрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Митре Петрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[16]
- Танас Маркоски — македонски партизан.
Иселеништво
уредиГалерија
уреди-
Јужниот дел на селото
-
Уличка во јужниот дел на селото
-
Јужниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Мост над Опеничка Река
-
Средишниот дел на селото
-
Поранешната самопослуга
-
Средишниот дел на селото
-
Јужниот дел на селото
-
Јужниот дел на селото
-
Куќи во северниот дел на селото
-
Патот кој води кон Горно Лакочереј
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 29.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Охридско Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 14,10 14,11 14,12 14,13 14,14 Смилески, Димитар (1986). Долно Лакочереј. Охрид: Месна заедница Долно Лакочереј. стр. 35.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 16,00 16,01 16,02 16,03 16,04 16,05 16,06 16,07 16,08 16,09 16,10 16,11 16,12 16,13 16,14 16,15 16,16 16,17 16,18 16,19 16,20 16,21 16,22 16,23 16,24 16,25 16,26 16,27 16,28 16,29 16,30 16,31 16,32 16,33 16,34 16,35 16,36 16,37 16,38 16,39 16,40 16,41 16,42 16,43 16,44 16,45 16,46 16,47 16,48 16,49 16,50 16,51 16,52 16,53 16,54 16,55 16,56 16,57 16,58 16,59 16,60 Смилески, Димитар (1986). Долно Лакочереј. Охрид: Месна заедница Долно Лакочереј. стр. 67.