Лавце

село во Општина Тетово

Лавце — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Лавце
Лавце во рамките на Македонија
Лавце
Местоположба на Лавце во Македонија
Лавце на карта

Карта

Координати 42°1′32″N 20°57′21″E / 42.02556° СГШ; 20.95583° ИГД / 42.02556; 20.95583
Општина Тетово
Население 313 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28039
Надм. вис. 598 м
Лавце на општинската карта

Атарот на Лавце во рамките на општината
Лавце на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во источните падини на Шар Планина, оддалечено 3,5 километри северозападно од Тетово.

Историја

уреди

За настанокот на името на селото Лавце е забележана следната легенда поврзана со овчарот Невен Пејо:

Еднаш одамна, многу одамна на Шар Планина бил познат овчарот Невен Пејо. Тој имал многубројно стадо, но постојано бил прогонуван од албанските арамии. Затоа барал посигурно место за засолниште, при што ја избрал месноста близу Тетовското Кале. Стадото го затворил, а многу бројните кучиња-шарпланинци ги прогонувале неканетите гости. Дење и ноќе не можело да се пријде до стадото. Соседите кои бегале од албанските арамии почнале да се засолнуваат на истото место и полека настанало селото со многу стада и овчарски трла. Големиот број кучиња, чиј лавеж одѕвонувал низ планината им пречел на арамиите кои не можеле да грабаат. По силното лаење, селото кое настанало е наречено Лавце[2].

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948127—    
1953125−1.6%
196156−55.2%
197161+8.9%
1981253+314.8%
ГодинаНас.±%
19914−98.4%
1994269+6625.0%
2002298+10.8%
2021313+5.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавце живееле 85 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лавце имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било дел од Селечка општина со центар во Шипковица и имало 8 куќи со 65 жители, сите Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

На пописот од 2002 година, селото имало 298 жители, од кои 296 Албанци и 2 Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 313 жители, од кои 311 Албанци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 72 127 125 56 61 253 4 269 298 313
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Лавце некогаш било чисто македонско село.

Според податоците од 1946 години родови во селото биле:

  • Чаушевци (8 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (десет семејства);
  • Здравковци (2 к.) доселени биле од соседното сега албанско село Шипковица. Имаат иселеници во Скопје (две семејства);
  • Апчеи или Новевци (1 к.) доселени биле од сега албанското село Желино во подножјето на Сува Планина. Во Лавце од зулум се доселил Нове, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 40 г. во 1940-тите) Апостол или Апче-Цветан-Нове, основачот на родот. Имаат иселеници во Романија (три семејства), Тетово (две семејства) и во Белград (едно семејство);
  • Никовци (8 к.) доселени биле од сега албанското село Бродец. Во Бродец биле тројца браќа Нико, Илија и Спасо. Во Лавце се доселиле Нико со неговите синови, го знаат следното родословие: Симо (жив на 65 г. во 1940-тите) Ристо-Ќиро-Стојко-Добре-Нико, кој се доселил. Имаат иселеници во Белград (шест семејства), Америка (три семејства), Романија (пет семејства), Бугарија (пет семејства), Скопје (едно семејство), Тетово (едно семејство) и во Сетоле (домазет);
  • Војневци (5 к.) доселени биле од соседното сега албанско село Шипковица, го знаат следното родословие: Спиро (жив на 60 г. во 1940-тите) Блаже-Војне-Анѓеле, основачот на родот. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства).[13]

Општествени установи

уреди

Цркви

уреди
  • Црква „Св. Атанасиј“ - Лавце[14] — манастирска црква
  • Црква „Св. маченик Ѓорѓи Победоносец“[15] - според легендата потекнува од средината на XIX век. Имено тука дошла некоја жена од Русија. Ѝ се сонило да направи црква. Таа сама ги редела камењата и направила објект што личел на црква. Одвај се влегувало, но поставила крст и му дала име на светецот. На тоа исто место, зачувувајќи ги старите ѕидови, лавчани изградиле нова црква, а до неа пред во 80те години и ајат каде што се собираат на селската слава „Св. Атанасие“.
  • Црква „Св. Спас“ - Лавце[16]
  • Во склоп на црквата „Св маченик Ѓорѓи Победоносец“ функционира црковен конак со соби за преспивање и голема просторија во која се одржуваат прославите на селските празници „Св Атанасиј“ и „Св. Ѓорѓи“.

Самоуправа и политика

уреди

Изборно местo

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1998 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 297 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Во село Лавце постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:

  • Одбележување на празникот Св. Атанасиј (31 јануари) посветен на манастирската црква „Св. Атанасиј“ на Тетовското кале - Балтепе.
  • Одбележување на празникот Св. Ѓорѓи (9 декември) посветен на црквата „Св. Ѓорѓи“ (селска слава).

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр.31
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
  5. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  14. „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-29.
  15. „свети Ѓорѓија во село Лавце“. КИСС ТВ. 15 август 2009. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-04-29.
  16. Стојанческа, Валентина (18 април 2008). „ЗАЧЕСТИЈА КРАЖБИТЕ ВО ЦРКВИТЕ И ВО МАНАСТИРИТЕ Во Божјиот дом само богохулник влегува со оружје“. Време. Посетено на 2010-04-29.[мртва врска]
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди