Љубин
Љубин — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географиja и местоположбаУреди
Љубин се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, на околу 1 км западно од Сарај.
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.044 жители. Следува табела на националната структура на населението:[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 4 |
Албанци | 1.099 |
Турци | 3 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 914 |
останати | 24 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[2]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 153 |
1953 | — | 56 | 87 | — | — | — | ... | — | 143 |
1961 | — | 4 | 240 | ... | ... | — | ... | 2 | 247 |
1971 | — | 57 | 115 | — | ... | — | ... | 202 | 374 |
1981 | 2 | 440 | 1 | — | — | — | ... | 786 | 1.230 |
1994 | 2 | 706 | 10 | — | — | — | ... | 899 | 1.617 |
2002 | 4 | 1.099 | 3 | — | — | — | 914 | 24 | 2.044 |
Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.
РодовиУреди
Љубин е муслиманско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се
Албански
- Доселеници: Шкека (17 к.) потекнуваат од двајца браќа. Тие се иселиле од местото Дарда во областа Матија, средна Албанија. Од таму се населиле најпрво во Матка, од таму брзо се рашириле во Глумово, Љубин и ’Ржаничино
Роми
- Доселеници: Џемајловци (1 к.) во Љубин се доселени од Сарај и Шишево. Подалечното потекло не го знаат.[3]
Денес во селото живеат и Бошњаци кои почнале да се доселуваат некое време по истражувањата вршени во селото.
ЛичностиУреди
- Ризван Сулејмани (р. 1957) - македонски политичар.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Љубин, на Карти на Google
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |