Варвара (Тетовско)
Варвара — село во Општина Теарце.
Географија и местоположбаУреди
Селото Варвара се наоѓа шарпланинската падина, североисточно од Тетово, над селото Лешок.
ИсторијаУреди
Според турските документи од 1467-1468 година селото имало 19 христијански семејства од кои едно било на калуѓерот Стефан и Миладин син на поп кој бил починат.
Во друг турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 22 семејства (ханета).
Во 1947 година селото имало 9 семејства и 40 куќи.
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година во селото немало жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | 280 | 266 | 239 | 199 | 54 | 21 | 12 | 7 | 0 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[2]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[3]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]
РодовиУреди
Варвара било македонско село.
Родови во селото биле:
- Чулевци (9 к.), староседелци. Имаат иселеници во Лешок, Тетово (осум семејства) и во Софија (три семејства).
- Дрндаровци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Русе (едно семејство).
- Цветковци (8 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства), Софија (четири семејства), Русе (едно семејство), Свиштов (едно семејство) и во Силистрa (две семејства).
- Печирибовци (4 к.), староседелци. Имаат иселеници во Лешок и во Софија (две семејства).
- Бошковци (2 к.), староседелци.
- Прнџовци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Лешок и во Белград (едно семејство).
- Пандезини (1 к.), староседелци.
- Глаиновци (3 к.), староседелци.
- Коачовци (8 к.) доселени се како христијани од Љума во северна Албанија, овде се доселени на почетокот од XIX век. Жителите на овој род знаат за својот предок Милош Коач, кој заедно со својот брат се Трпко, и браќата биле ковачи и отука дошло името на родот. Имаат иселеници во Тетово (две семејства), Брезно и во Русе (шест семејства).[6]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2009 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Лешок.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 391 гласач.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Црква „Св. Петка“ - Варвара[9]. Денес богослужба се служи во црквата Св. Петка. Непосредно под селото Варвара имало стара разурната црквичка Св. Петка. Околу 1900 година, варварчаните Миајле, Гаљо и Бошко, во средината на селото изградиле провизорна црква со плетени прачки облепена со кал. Подоцна, на истото место селаните изградиле мала црква и ја посветиле на истиот светител. Во 1977 година црквата е обновена и фрескоживописана од Крсто Гоговски од село Непроштено, а во 1978 година е осветена од Полошко-кумановскиот митрополит Господин Кирил.
- На патот за село Варвара се наоѓа Марков Камен – осамена карпа во јајцевидна форма, висока над два метра, за која постојат неколку легенди.
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Еротеј (световното име: Лаврентие Давидов) (? – 1910) - игумен на лешочкиот манастир.
- Силвестер (световното име Серафим) (1812 – 1882) - македонски игумен.
- Симче Петроски - Кубур - роден во с. Варвара, член на меснијот комитет на Македонската револуционерна организација, комита во Брезјанската чета, уапсен при сардусувањето на Лешочкијот манастир во 1905г, бил кмет во с. Варвара.
- Трпо Коач од с. Варвара, член е на меснијот комитет, прогонуван е од турските власти и уапсен при сардусувањето на Лешочкијот манастир во 1905 г. Ослободен е од затвор поради недостаток на докази и интервенцијата на европските конзули во Скопје.
- Милош Коач од с. Варвара брат на Трпо Коач, истите биле ковачи во селото а подоцна направиле и воденица изнад селото Лешок позади Лешочкото кале. Милош Коач бил угледен човек и имсе спротивставувал на албанските групи кои го напаѓал— селото. Еднаш кога се врачал од Скопје носејчи роба го убиле Албанци во заседа кај селото Вратица.
- Трпе- роден во с. Варвара, комита во Брезјанската чета
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Селото никогаш не било големо бидејќи постоја од него се одселувале во соседното Лешок, во Тетово, Белград (р. Србија), Рушчук (ден., Русе во Бугарија).
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. OCLC 5846115.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-29.
Надворешни врскиУреди
- Официјална страница Архивирано на 23 февруари 2013 г.
- Facebook Страница