Козјак (Штипско)

село во Општина Карбинци


Козјак — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Козјак
Поглед на Козјак.jpg

Поглед на селото

Козјак is located in Македонија
Козјак
Местоположба на Козјак во Македонија
Координати 41°48′30″N 22°16′26″E / 41.80833° СГШ; 22.27389° ИГД / 41.80833; 22.27389Координати: 41°48′30″N 22°16′26″E / 41.80833° СГШ; 22.27389° ИГД / 41.80833; 22.27389
Регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Karbinci Municipality.svg Карбинци
Население 147[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30025
Надм. вис. 340 м
Козјак на општинската карта
Козјак во Општина Карбинци.svg

Атарот на Козјак во рамките на општината

Географија и местоположбаУреди

Ова мало село се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Карбинци.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 340 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]

Селото Козјак се наоѓа на северните падини на планината Плачковица, под возвишението наречено Високи Рид, крај кое тече Козјачка Река.

Селото историски се дели на две посебни маала: Горни и Долни Козјак.

ИсторијаУреди

Местото е населено уште од далечното минето. Кај некогашното маало Горни Козјак се наоѓаат рушевините на древниот град Баргала, како и зачуваната средновековна црква „Св. Ѓорѓи“.[3][4]

Во XIX век, Козјак било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 186 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 90 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

НаселениеУреди

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долни Козјак имало 106 жители, од кои 36 Македонци и 70 Турци, додека во селото Горни Козјак имало 40 жители, сите Турци.[5]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото Долни Козјак живееле 60 жители, од кои 34 Турци и 26 Македонци.[6]

Селото е мало по големина, коешто во 1961 година броело 221 жител, а во 1994 година имало 164 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Козјак живееле 147 жители, од кои 145 Македонци и 2 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 146 147 183 221 226 201 179 164 147
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Самоуправа и политикаУреди

 
Поглед на античкиот град Баргала

Селото претставува дел од Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Козјак, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.

Избирачко местоУреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2319 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 119 гласачи.[11]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 116 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[13]
Цркви[14]
Реки[15]

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 февруари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 153. Посетено на 6 февруари 2021.
  3. „Карбинска парохија“. Брегалничка епархија. Посетено на 29 март 2014.
  4. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 77.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 6 февруари 2021.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 6 февруари 2021.
  13. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 430-432, 434-435. ISBN 9989-649-28-6.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди