Камењане
Камењане — село во Општина Боговиње, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово. Населено е со Албанци.
Камењане | |
Координати 41°56′39″N 20°55′36″E / 41.94417° СГШ; 20.92667° ИГД | |
Општина | Боговиње |
Население | 3.654 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1221 |
Шифра на КО | 28036, 28536 |
Надм. вис. | 500 м |
Камењане на општинската карта Атарот на Камењане во рамките на општината | |
Камењане на Ризницата |
До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.
Географија и местоположба
уредиКамењане е големо село сместено во рамнината на котлината Полог од десната страна на автопатот Тетово - Гостивар. Сместено е во еден дол на самото подножје на Шар Планина, а поројната река Камењанска го дели на два дела[2]. Оддалечено е 7 километри јужно од градот Тетово. Атарот е мал и зафаќа простор од 5,9 км2. Населбата е рамничарска и се наоѓа на надморска височина од 500 метри. Во Камењане работи деветгодишно училиште, амбуланта, пошта, има земјоделска задруга, урбанистички план, споменик на НОБ и разни услужни објекти.[3]
Историја
уредиСелото Камењане е населено од дамнешни времиња. Во минатото било населено со Македонци, за што сведочи неговото име кое со потекло и значење од македонскиот јазик. За настанокот на името на селото се забележани 2 легенди. Според едната, во дамнешното минато при едно големо надоаѓање на поројната река, селото било сосем збришано и останало под камењата што ги донела поројницата[2], па оттаму местото го добило името Камењане (место со камења). Според другата легенда, по еден силен земјотрес селото се разурнало до темел, а од Шар Планина бил одронет огромен куп на камења и земја кои наполно го затрупале селото. Од тогашното село останале само камења и затоа неговите нови жители го нарекле Камењане[2]. Од поновата историја треба да се забележи дека Камењане до 2004 беше седиште на истоимената општина.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Камењане живееле 630 жители, сите Албанци.[4]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Камењане било дел од Долнопалчишка општина, во Долнополошкиот срез и имало 145 куќи и 1.252 жители, сите Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.250 Албанци.[6]
Селото броело 2.313 жители во 1961 година, додека во 1994 година се зголемува населението на 4.080 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.834 жители, од кои 4.825 Албанци, 1 Бошњак и 8 останати. Следува табела на националната структура на населението:[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.654 жители, од кои 2 Македонци, 3.383 Албанци, 3 Бошњаци, 1 останат и 265 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 630 | 1.252 | 1.777 | 2.014 | 2.313 | 2.869 | 3.710 | 12 | 4.080 | 4.834 | 3.654 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови:
уредиКако еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[13]
Камењане е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Ајвазе (18 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Расим (жив на 40 г. во 1948 година) -Али-Таир-Реџеп-Ајваз, основачот на родот. Имаат иселеници во Истанбул.
- Озуне (17 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Оџа (16 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Љоке или Љокмани (12 к.) доселени се од некое место кај Љума во северна Албанија.
- Кице (7 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Хоље (30 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Башљоке (20 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Јусе (10 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Барјакар (4 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Џафере (5 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Бајре (4 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Стома (13 к.) доселени се од Горно Синичане. А таму доселени се од некое место во северна Албанија.
- Чече (19 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Нуре (4 к.) гранка се од претходниот род.
- Чеалоке (2 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Ѓеле (19 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Метовци (5 к.) доселени се од селото Урвич. Таму имаат роднини кои зборуваат македонски. Подалечно потекло имаат од Љусна во северна Албанија.
- Чоропинци или Тутман (8 к.) доселени се од Горно Синичане. Таму имале истоимени роднини. Таму биле староседелци. Порано нивните предци зборувале македонски.
- Ибраимови (2 к.) доселени се од селото Урвич. Подалечно потекло од Гора. Порано нивните предци зборувале македонски.
- Чуле (8 к.) доселени се од селото Горно Синичине, каде што имаат истоимени роднини. А таму се доселиле од некое село во Гора. Порано нивните предци зборувале македонски.[14]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места место бр. 2053, 2054, 2055, 2056 и 2057 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на ново и старо основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.483 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Тумба — утврдена населба и некропола од доцноантичкото време[17].
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Неџбедин Беадини (р. 28 јануари 1964) — македонски биолог и универзитетски професор.
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиОд старите православни семејства кои живееле во селото се знае за Калимановци кои се иселиле во поречкото село Битово. Како и за постари иселеници во Тетово.[14]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр.31
- ↑ Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.146
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
- ↑ 14,0 14,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.