Габрово (Гевгелиско)

село во Општина Гевгелија, Македонија

Габрово — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Габрово

Пред сретселото

Габрово во рамките на Македонија
Габрово
Местоположба на Габрово во Македонија
Габрово на карта

Карта

Координати 41°18′N 22°24′E / 41.300° СГШ; 22.400° ИГД / 41.300; 22.400
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 5 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1489
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06003
Надм. вис. 300 м
Габрово на општинската карта

Атарот на Габрово во рамките на општината
Габрово на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Ова мало село се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на железничката линија Скопје-Гевгелија.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 300 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 31 километар.[2]

Селото се наоѓа на источните падини на планината Кожуф. Водата за пиење во селото се обезбедува од сопствени бунари.[3]

Историја

уреди

Подрачјето на Габрово е населено уште од доцната антика, за што сводочат повеќето археолошки наоѓалишта околу него.

Во отоманскиот период, селото било чисто турско село.[4]

Селото активно учествувало во текот на Втората светска војна. Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Има мошне голем атар, што зафаќа површина од 28,8 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 2.227,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 137,1 хектар, а на пасиштата само 3,5 хектари.[2]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948212—    
1953257+21.2%
1961208−19.1%
1971175−15.9%
198163−64.0%
ГодинаНас.±%
199146−27.0%
199431−32.6%
200220−35.5%
20215−75.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Габрово имало 75 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габрово имало 96 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Габрово е мало село, во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 208 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 31 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Габрово имало 20 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 75 96 212 257 208 175 63 46 31 20 5
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Габрово било село во Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Миравци.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 366 според Државната изборна комисија, сместено во приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 8 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Аузо — населба од римското време;
  • Градиште — средновековно градиште;
  • Дедовец — рударска населба од римското време;
  • Кочиње — населба од доцноантичкото време;
  • Лалово Трло — населба од доцноантичкото време;
  • Селиште — населба од римското време;
  • Стојков Рид — некропола од доцноантичкото време; и
  • Студенка — населба од доцноантичкото време.
Цркви[18]
Споменици
Езера
Реки[19]
Споменици на природата

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). на селата во Република Македонија.pdf Енциклопедија на селата во Република Македонија Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). Скопје: Патрија. стр. 65. Посетено на 3 октомври 2021.
  3. „Ветерен парк Петрово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. 2021. Посетено на 4 октомври 2021.
  4. „Монографија Гевгелија“ (PDF). Општина Гевгелија. Посетено на 2021-10-04.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 октомври 2021.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 октомври 2021.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  16. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 3 октомври 2021.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 96. ISBN 9989-649-28-6.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 22. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди