Аљинце
Аљинце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Аљинце | |
Координати 42°12′33″N 21°59′57″E / 42.20917° СГШ; 21.99917° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Средорек |
Население | 22 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17004 |
Надм. вис. | 926 м |
Аљинце на општинската карта Атарот на Аљинце во рамките на општината | |
Аљинце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа на територијата на Општината Старо Нагоричане. Аљинце е населба од разбиен тип, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 480 до 720 метри. Од главниот пат Куманово-Крива Паланка населбата е оддалечена 8,8 км, а од централното место Куманово 31 км.
Историја
уредиСтопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 10,5 км2. Најголема површина заземаат на 646,1 ха, потоа следи обработливото земјиште на површина од 304,9 ха, додека на шумите отпаѓаат само 26,1 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[3]
Аљинце е зафатено со одредена иселување на населението, такашто бројот на населението се намалил од 374 жители во 1961 година, на 79 жители во 1994 година.
Според пописот од 2002 година, во селото Аљинце имало 38 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 19 Македонци и 3 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 385 | 344 | 372 | 395 | 374 | 314 | 154 | 92 | 79 | 38 | 22 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиАлинце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Староселци (12 к.) Потекнуваат од овчар кој преживеал по пустошењето на старото село. Џамбасци (9 к.) гранка се од претходниот род.
- Доселеници: Грујинци (10 к.), Градиштанци (6 к.), Трлци (6 к.) и Јабучанци (13 к.) доселени се, но не знаат од каде се. Во првиот род се знае следното родословие: Стојче (жив на 67 г. во 1971 година) Милан-Анѓел-Смилко.[10]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
Иселеништво
уредиЏамбасци се иселени во Брешко. Костадинови, Мацанци, Доданци, Прчовчани, Јованови и Павлеви се иселени во пониското село Канарево. Алинчани се иселени во Макреш. Антинци се иселени во Облавце. Шопови се иселени во Вак'в. Иселеници од Алинце има и на следните места. Глогоњ кај Панчево, Куманово, Скопје, Бор и Белград.[10]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 11.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 9989649286.