Собри
Собри — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Собри | |
Воздушен поглед на селото | |
Координати 41°17′36.96″N 22°38′03.84″E / 41.2936000° СГШ; 22.6344000° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 180 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04019 |
Надм. вис. | 170 м |
Собри на општинската карта Атарот на Собри во рамките на општината | |
Собри на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Бојмија, во југоисточниот дел на територијата на Општина Валандово, во Валандовското Поле.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 170 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 13 километри.[2]
До селото може да се дојде преку два локални патишта, едниот кој се двои од регионалниот пат 1105, пред селото Дедели, додека другиот се двои од локалниот пат пред селото Чалакли.
Селото е сместено во јужното подножје на планината Беласица. Традиционално се дели на Горно и Долно Собри.
Историја
уредиПодрачјето на Собри е населено барем од железното време, за што сведочат остатоци на некрополи на наоѓалиштата Бела Чешма и Гробишта.[3]
Стопанство
уредиАтарот зафаќа површина од 7,6 км2. На него шумите заземаат површина од 414 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 217 хектари, а на пасиштата 113 хектари.[2]
Во селото во минатото работеле две продавници.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Горно Собри имало 30 домаќинства со 65 жители муслимани, додека селото Долно Собри имало 15 домаќинства со 54 жители христијани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Собри живееле 255 жители, од кои 135 Турци, 90 Македонци и 50 Роми.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Селото е мало, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 244, а во 1994 година 250 жители.[2]
Според пописот од 2002 години селото Собри има 225 жители од кои 217 Македонци и 8 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 180 жители, од кои 172 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 255 | — | 167 | 199 | 244 | 241 | 240 | 248 | 250 | 225 | 180 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште „Гоце Делчев“
- Дом на културата
- Месна заедница
-
Дом на културата
-
Основното училиште
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Собри било село во рамките на Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дедели, во која покрај селото Собри се наоѓале селата Дедели, Казандол, Прстен, Татарли и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Чалакли, во која влегувале селата Прстен, Собри, Татарли и Чалакли.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0300 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 158 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 159 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[3]
- Голема Црква — средновековна црква и некропола;
- Гробишта — некропола од железно време; и
- Бела Чешма — некропола од железно време.
- Цркви[16]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Галерија
уреди-
Дом на културата со црквата
-
Детско игралиште
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 278. Посетено на 15 април 2024.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 59. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 јули 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ https://ep.sec.mk/election/results/electionType/local/electionYear/2021/electionRound/21/municipality/537/pollingStation/21248. Посетено на 16 април 2024. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Жителите на Собри, валандовско конечно имаат своја црква“. Региони. 6 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-30. Посетено на 2013-02-12.