Дреново (Порече)
Дреново — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Дреново | |
![]() Поглед на селото Дреново | |
Координати 41°27′55″N 21°14′13″E / 41.46528° N; 21.23694° EКоординати: 41°27′55″N 21°14′13″E / 41.46528° N; 21.23694° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 33[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6530 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03016 |
Надм. вис. | 933 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Порече, во најјужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, на северозападните падини на Бушева Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 10 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 14 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.146,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 124,8 хектари, а на обработливото земјиште 88,6 хектари.[2]
Селото е поврзано со асфалтен пат од селото Сланско.
ИсторијаУреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 9 христијански и 1 муслиманско семејство, како и 1 неженет христијанин.[3]
Во XIX век, Дреново било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓало на Порече.
СтопанствоУреди
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дреново имало 220 жители, сите Албанци.[4]
Последните Албанци се иселиле од селото во 1950-тите години од минатиот век.
Дреново е мало село, коешто во 1961 година броело 187 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 38 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дреново имало 33 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | — | 214 | 240 | 187 | 121 | 59 | 45 | 38 | 33 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
РодовиУреди
Дреново е македонско село, а во минатото некое време било албанско.[8]
Родови во селото се: Мишковци (6 к.), Василевци (3 к.), Петревци (3 к.), Шундовци (3 к.), Василковци (3 к.), Докузовци (3 к.), Најдовци (2 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Ѓермановци (2 к.), Палистрага (2 к.), Лешковци (1 к.), Аџијовци (1 к.) и Марковци (1 к.), сите наведени родови се доселени од соседното село Сланско; Шејтановци (3 к.), доселени се од селото Латово, таму имаат роднини, подалечно потекло имаат од Велешко.
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Дреново се наоѓале селата Брод, Девич, Грешница, Латово, Сланско, Суво Дол и Требино.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Изборно местоУреди
Во селото постои изборно место бр. 0228 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 18 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 17 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Реки
- Дреновска Река — мала река покрај селото
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 октомври 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 114. Посетено на 7 октомври 2017.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.210
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 мај 2019.
Надворешни врскиУреди
- Дреново (Порече) на Ризницата ?