Свиниште
Свиниште — раселено село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. По потопувањето на атарот на селото со Стрежевското Езеро во 1980-тите години, единствен остаток од некогашното село е главната селска црква.
Свиниште | |
![]() Стрежевско Езеро изградено во атарот на селото Свиниште, поради кое селото повеќе не постои | |
Координати 41°8′20″N 21°9′29″E / 41.13889° СГШ; 21.15806° ИГДКоординати: 41°8′20″N 21°9′29″E / 41.13889° СГШ; 21.15806° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Ѓават-Кол |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 02105 |
Надм. вис. | 720 м |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.[2]
Атарот зафаќал површина од 4,2 км2, кој сега е потопен со Стрежевското Езеро.[2]
Историја уреди
За првпат, селото се споменува во турскиот опширен пописен дефтер во 1519 година, кога е запишано како Свиништа.[2]
Во XIX век, Свиниште било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство уреди
Свињиштани биле добри ловџии, вредни дрводелци, мајстори, умееле да градат куќи и биле добри сточари и обработувачи на млеко и волна.[2]
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Свиниште имало 85 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свиниште имало 96 жители.[4]
Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 235. По 1980 година селото е целосно раселено. На сите 150-тина свињиштани, односно на околу 40 домаќинства, на кои им биле одземени имотите поради градење на браната на ХС „Стрежево“, им биле изградени куќи во битолската Брусничка населба.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Свиниште немало жители.[5] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | 96 | 235 | 235 | 218 | 164 | 139 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови уреди
Свиниште е македонско православно село.
Родови во Свиниште се:
- Доселеници: Петревци (18 к.), Ѓорчевци (3 к.), Кочовци (2 к.) и Ѓолевци (2 к.). Првите два рода потекнуваат од ист предок, овие четири рода се стари доселеници со непозната старина; Цветковци (2 к.), доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско село; Наумчевци (5 к.), дојдени се во турско време исто така од селото Обедник; Котевци (3 к.), доселени се во турско време од селото Стрежево каде биле староседелци; Танчевци (3 к.), доселени се после 1918 година од селото Боиште во Железник.[10]
Самоуправа и политика уреди
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црноец, во која влегувале селата Габаловци, Метимир, Лопатица, Облаково, Стрежево, Свиниште и Црноец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лопатица, во која покрај селото Свиниште се наоѓале селата Габаловци, Загориче, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место уреди
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0205 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Кажани, Стрежево и Свиниште, кое е сместено во шумарската куќа во Кажани.[11]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости уреди
- Цркви[14]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Иселеништво уреди
Постари иселеници до 1951 година од селото има во Битола (5 семејства), Канада (2 семејства), Австралија (2 семејства), Романија (1 семејство) и во Аргентина (1 семејство).[15]
Потоа иселеништвото продолжило и од Свиниште над 200 лица има раселено во САД, Канада, Австралија и низ европските држави.[2]
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Свиниште“. Мој Роден Крај. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)