Радовиш
Радовиш — град во југоисточниот дел од Република Македонија. Градот е втор по големина во југоисточниот регион, сместен во подножјето на планината Плачковица и северниот дел на Струмичко-радовишката Котлина. Магистралниот пат М6 Штип - Радовиш - Струмица претставува главна врска на градот. Седиште е на Општина Радовиш во којашто припаѓаат уште 35 населени места. Радовиш е познат по Црквата „Св. Троица“, Крстот над Радовиш, планината Плачковица, рудникот Бучим, Електротехничкиот факултет и радовишкиот самун и татлијата.
Радовиш | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Панорама на Радовиш | |||
Местоположба на Радовиш во Македонија | |||
Координати: 41°38′N 22°28′E / 41.633° СГШ; 22.467° ИГД | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Југоисточен Регион | ||
Општина | Општина Радовиш | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Ацо Ристов (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
Надм. вис. | 380 м | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 14,460 | ||
Час. појас | UTC+1 | ||
• Лето (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 032 | ||
Рег. таб. | RA | ||
Патрон | Свети Спасо Радовишки | ||
Мреж. место | www.radovis.gov.mk |
Историја
уредиПраисторија и антички период
уредиНа територијата на општина Радовиш уште од праисторијата се наоѓаат траги на материјалната култура. Посебно се интересни наодите од епохата на неолитот, бакарното време, халштатот и бронзата. Во времето на Филип II Македонски и Александар Македонски територијата на радовишко ја населувале Пајонците. Се смета дека тука биле населени пајонските племиња Добери и Астраи, по чии имиња настанале и центрите Добер и Астрајон. Но, во науката сè уште постојат претпоставки околу вистинското лоцирање на овие центри. Бројни остатоци од вредност се од времето на предримската и римската епоха. Тоа се претежно антички населби, некрополи, каструми, терми, аквадукти, милјокази и други наоди.
Средновековен период
уредиГрадот Радовиш за првпат се споменува во 1019 г. во Грамотата на византискиот цар Василиј II, а така се викала и средновековната жупа, што покажува дека градската функција потекнува од средниот век. Во тоа време Радовиш претставувал значаен регионален трговско-занаетчиски и рударски центар. Името на градот Радовиш е поврзано со името на средновековната кнегиња од словенско потекло, Рада, која живеела во тврдината над градот, чиишто урнатини сè уште постојат.
Во периодот на 14 век бил под власт на српските владетели - 1361 година во него престојувал Цар Урош.
Под османлиска власт
уредиПод власта на Турците, Радовиш потпаднал во 1382-1383 година. Според историски податоци и извори, турската војска на пат кон Средна Европа ги запоседнала градовите кои се нашле пред неа. Во окупираните градови, турските власти поставувале само по неколку чиновници и нивни чувари, како би ја пречекувале и испраќале својата војска. Од друга страна, тие не сакале да го предизвикуваат на бунт тукашното население, за да не им прави проблеми при нивниот поход кон Европа. Под турското освојување во почетокот на 16 век во овој крај многу се населувале Јуруци - турско номадско племе, етничка група која и денес е присутна во Радовишко. Според пописот на населението од 1519 година, населбата броела 200 домаќинства, од кои 177 биле христијански, 23 муслимански. Во овој документ градот бил потпишан како Радовиште. Меѓутоа, во наредните години состојбата драстично се променила. Со колонизирање на муслиманското население од Мала Азија, се почувствувал поголем прилив на нови жители, како во Радовиш, така и во околните села. Од ваквата вештачка миграција на турското население, во 1572 година Радовиш веќе имал 365 домаќинства, од кои 303 христијански и 62 муслимански. Познатиот турски патописец Евлија Челебија го посетил Радовиш во 1662 година и во неговите белешки за градот забележал: „Касабата има: околу 400 куќи, распоредени во пет маала; има пет џамии, дервишко теќе, мектеба, медреса, амам, три ана, две крчми и мала градска чаршија со околу 150 дуќани. Населбата е опколена со бавчи и лозја“. Челебија понатаму во своите белешки објаснува дека гратчето претставувало излетничко место и ловиште на некојси крал во име Радул.[1] Документите Ќустендилски метрополити во 17 век се викаат и радовишки. Кон крајот на 18 век Радовиш било гратче опколено од ѕид од стара тврдина чии остатоци стојат и денеска. Некогаш големиот пат од Поморавје преку Куманово и Овче поле и Радовишко поле преку Струмица водел до Солунскиот и Струмскиот Залив. Во 1820 година, во публикацијата на Г. Хасел, Радовиш е забележан со топонимот Радовиште и во гратчето имало 300 куќи. Со овој топоним, Радовиш бил зацртан и во една карта на европска Турција, објавена во Виена во 1828 година. Во 1854 година, градот го посетил францускиот патописец Ами Буе. Тој го споменува Радовиш како десетти град по важност во Скопскиот пашалак со околу 1.500 жители. Во седумдесеттите години од истиот век, Радовиш прераснал во пазарно средиште, тогаш познато по извозот на тутун и афион. Поголем пораст на населбата бил забележан кон крајот на XIX век. Во 1896 година, Радовиш броел 1.100 куќи, од кои 700 биле муслимански, а само 400 христијански. Во овој период во градот имало шест џамии, десет до петнаесет ана, еден амам, градска саат-кула и христијанска црква, изградена во 1832 година. Улиците во градот биле тесни и криви, делумно калдрмисани, додека куќите биле приземни, ретко на кат. Градот бил поделен на тринаесет маала, од кои 7 биле муслимански, а 6 христијански (македонски). Чаршијата броела 150 дуќани и била доста динамична, во која најмногу било развиено занаетчиството и трговијата. Ваквиот ориентален лик на Радовиш се задржал сѐ до Балканските војни.[2]
Во XIX и XX век Радовиш и околината биле под влијание на историските настани поврзани со Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание, потоа настаните од Балканските војни, Првата и Втората светска војна и периодот по завршувањето на втората светска војна придонеле за денешниот изглед на Радовиш.
Територијата на општина Радовиш е богата со истражени и голем број неистражени археолошки наоѓалишта, манастири и цркви кои се дел од богатата ризница на споменици на културата.
Втора светска војна
уредиНа 22 октомври 1944 година Германската фашистичка војска запалила поголем број на куќи во централното градско подрачје. Градот е ослободен на 6 ноември 1944 година.
Географски податоци
уредиГрадот Радовиш е сместен во Радовишката Котлина во подножијето на планината Плачковица. Низ него поминуваат две реки, Стара река и Сушица. Градот се наоѓа на 41° 38' СГШ и 22° 28' ИГД. Надморската височина во градот изнесува 380 м. Градот се простира на површина околу 4 км2, во широчина 3 км (Индустриска зона - ул. Калузлиска) и во должина 3,5 км (нас. Раклиш - Кеј 8 септември).[3]
Географска положба и природни ресурси
уредиСместен во југоисточниот дел од Републиката, град Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата Струмичко-радовишка Котлина, односно горното сливно подрачје на Радовишка Река. Северниот дел припаѓа на планината Плачковица, јужниот дел на планината Смрдешник, на северозапад се наоѓа ридестиот дел на областа Јуруклук или Дамјанско Поле, а на југоисток се протега алувијалната рамнина на реката Радовишка. Општината има добри функционални врски со соседните градови Штип и Струмица, од кои е оддалечен само 36 односно 29 км. Градот Радовиш е сместен во централниот дел на општината, на надморска височина од 380 метри и претставува општински административен центар со добра местоположба за развој на стопанството. Како административен центар ги опслужува и жителите на општина Конче.
Во хидрографски поглед општината е интересна, со појава на подземни води, извори и површински водотеци како и со помали вештачки акумулации. Покрај изворите за вода за пиење во општината има и минерални води, но без некоја поголема стопанска искористеност. Хидрографската мрежа на општината е поделена на два речни слива. Преку Радовишка река водите течат во сливот на Струмица, додека преку реката Крива Лакавица во сливот на Брегалница. Реки во град Радовиш се: Стара река (позната уште и како Радовишка река), како и помалите Сушица и Марлада.
Вегетација - Шумските комплекси зафаќаат околу 21 000 хектари. Поголеми шумски комплекси се наоѓаат околу Стара река и Ораовичка река, каде се застапени дабова, букова и четинарска шума. од фитоценозите во шумите најдоминантни се заедниците на Дабот Горун, цените јасенови шуми, заедницата на подгорската бука, буковата шума со учество на брезата на кисели почви и заедницата на горската бука.
Радовиш е оддалечен 121 км (2 часа) од Скопје, 220 км од Охрид, 502 км од Белград, 160 км од Солун, 620 км од Атина, 370 км од Тирана, 390 км од Драч, 260 км од Софија, 720 км од Варна, 670 км од Бургас, 840 км од Истанбул, 1030 км од Љубљана, 2330 км од Париз и 2540 км од Лондон.[4]
Клима
уредиРадовиш е под влијание на умерено средоземно-континентална клима. Поради изразената височинска разлика (400-707 мнв) одделни климатски елементи варираат меѓу изменета средоземна клима во полето и планинска клима по планините. Просечните годишни температури во рамничарскиот дел се движат од 12.5 до 13.0°С, а на највисоките делови од планинските масиви до 7,5°С. Најтопли месеци се јули и август, со просечна температура од 23°С, а најстуден месец е јануари со 1.2°С.
Просечните годишни врнежи изнесуваат 563 мм, со големи варирања од година на година, но постои разлика меѓу планинските и рамничарските реони. што се однесува до годишниот збир на сончеви часови, регионот има 2326 сончеви часови годишно, т.е. 6,4 часови дневно.
Радовишки населби и маала
уредиВо Радовиш постојат неколку населби, нас. Раклиш, нас. Куклевица, нас. Бел Камен и нас. Беверли Хилс. Познати маали се: Шаин маале, Варош, Лисец маало, Шопска маала, Егејска маала.
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радовиш живееле 6.230 жители, од кои 4.000 Турци, 2.030 Македонци и 200 Роми.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 2.800 Македонци, 1.050 Турци и 150 други жители.[6]
Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Радовишкиот срез имало 24.249 жители, од кои 4.678 во градот Радовиш, а 19.571 во селата (Радовишко Поле, Јуруклак, Шоплук, Лакавичко). Од етнички аспект, населението го сочинувале 14.055 (57,9 %) Македонци, 9.390 (38,7 %) Турци, 525 (2,16 %) Роми, 93 Власи и 186 останати.[7]
Според пописот на населението во 2002 година, градот Радовиш имал 16.223 жители, а Општина Радовиш 28.244, густината на населеност во општината е 46 жит./км2. Во градот главно живееле Македонци, како и турско и ромско население.
- Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 16.223 жители и спаѓал во групата на средни градови.[8] Етнички гледано, населението е составено од:[9]
Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, градот има 16.223 жители. Следува табела на националната структура на населението[10]
Националност | Вкупно |
Македонци | 13 991 |
Турци | 1 927 |
Роми | 181 |
Албанци | 1 |
Власи | 20 |
Срби | 60 |
Бошњаци | 1 |
Други | 42 |
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[9]:
Јазик | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
македонски | 14.027 | 86,46 |
турски | 2.039 | 12,57 |
ромски | 65 | 0,40 |
влашки | 6 | 0,04 |
српски | 54 | 0,33 |
бошњачки | 1 | 0,01 |
други | 31 | 0,19 |
- Вероисповед
Во Радовиш се застапени следните религиски групи[9]:
Вероисповед | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Православни | 13.912 | 85,75 |
Муслимани | 2.116 | 13,04 |
Католици | 11 | 0,07 |
Протестанти | 3 | 0,02 |
други | 181 | 1,12 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Радовиш:
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 4.678 |
1953 | 3.663 | 7 | 1.310 | 146 | 0 | 19 | — | 110 | — | 5.255 |
1961 | 5.183 | 2 | 592 | — | — | 39 | — | 430 | — | 6.246 |
1971 | 8.201 | 10 | 1.280 | 17 | — | 74 | — | 57 | — | 9.639 |
1981 | 10.418 | 12 | 1.551 | 28 | 2 | 84 | — | 93 | — | 12.188 |
1991 | 13.022 | 4 | 1.800 | 19 | 12 | 89 | — | 64 | — | 15.010 |
1994 | 13.258 | 0 | 1.662 | 43 | 11 | 64 | — | 30 | — | 15.068 |
2002 | 13.991 | 1 | 1.927 | 181 | 20 | 60 | 1 | 42 | — | 16.223 |
2021 | 10.688 | 14 | 1.597 | 239 | 11 | 23 | 0 | 54 | 1.834 | 14.460 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Локална самоуправа
уредиОргани на локалната самоуправа се Градоначалникот на Општина Радовиш и Советот на Општина Радовиш.
Локалната администрација и секторите во истата се под надлежност на градоначалникот на општина Радовиш, чија работа е да ги претставува и застапува интересите на општината и нејзините жители, а и да го обезбеди извршувањето на работите коишто со закон и се доделени на општината.
Градоначалник на општина Радовиш од 2013 е г-дин Сашко Николов од партијата ВМРО-ДПМНЕ, којшто беше избран на локалните избори во 2013 година, а неговиот мандат трае четири години, односно од 2013 до 2017 година.
Претходни градоначалници на Општина Радовиш биле: Д-р Роберт Велков (од 2005 до 2013 г.), Д-р Ристе Кукутанов (од 2000 - 2005 г.), Кирчо Сусинов (од 1996 - 2000 г) и Д-р Љупчо Захариев (од 1990-1996 г.).
Советот на Општина Радовиш е претставничко тело на граѓаните на општината и е составен е од 19 советници избрани на локални избори. Претседател на Советот е г-дин Николчо Миовски (ВМРО-ДПМНЕ). Во состав на советот функционираат постојани комисии.
Стопанство
уредиЕкономијата во градот ја сочинуваат приватен, државен сектор, како и еден дел од населението се занимава со земјоделство (тутун, градинарство и житни култури).
Од државниот сектор најголеми вработувачи се ЈП „Македонски Шуми“ - подружница „Плачковица“, ЈП „Плаваја“, Полициската станица Радовиш, ЈЗУ Здравствен дом, образовниот сектор (градинките, училиштата и факултетот), судот, општината и подрачните министерства.
Во приватниот сектор, застапени се овие гранки:
Рударството, преку „Рудникот Бучим“ - рудник за бакар, злато и сребро. Со 550 работници, рудникот е најголемиот вработувач на населението од општина Радовиш.
Во градот развиена е текстилната, односно конфекциската индустрија. Работат околу 20 конфекции, од кои најголеми се: „Марди“, „Конели“, „Супер Хит“, „Маркос“, „ФерТекс“ и др.
Голем дел од населението во градот и општината се занимава со садење и производство на тутун. „Јака табак“ (т.н. монопол) е фирма која откупува, преработува и продава тутун.
Во Радовиш постои и фирма за производство и продажба на златен накит - „Голдмак“.
Металопреработувачка индустрија, најзначајни фирми се „Метал промет“ и „Семи“.
Градежната и проектантска индустрија е претставена преку фирмите: „Техника“, „Алфа Инжинеринг“, „Бино“, „Техноинженеринг“ и др.
Индустрија за конзервирање, како „Best Food TI“.
Постојат неколку млекари, а најголема е „Млекара Ѓоргиеви“ (поранешна млекара „Кооперант“).
Дрвена индустрија и производство и продажба на мебел, преку фирмите „ШИК“, „Современ дом“, „Асти 2007“, „Авто кец“ и др.
Од областа на угостителството работат хотелите „Бел Камен“, „Панорама“ и „Бахамас“; рестораните „Шампион“, „Амбасадор“, „Магмар“; пицериите „Џокер“, „Мериџејн“, „Санта Марија“, „Гетсби“, „Беверли Хилс“; ноќните клубови „Full House“ и „Diamond“; кафе баровите „Ti-amo“, „Escape“, „Target“, „Virus“ и др.
Исто така постои и месна индустрија (кланици и месарници), млечна индустрија (слаткарници), услужни дејности (козметички и фризерски салони), трговија на големо и мало, занаетчиство (поправка на моторни возила, часовници, чевли , бела техника и др.). Приватната дејност е 90 % од вкупното стопанство.
Во градот работат филијали на повеќе банки, како: Стопанска банка, Комерцијална банка, НЛБ Тутунска банка, ТТК банка и УНИ банка.
Поранешно стопанство
уреди„Рудникот Дамјан“ бил рудник за железна руда, и бил во експлоатација од 1968 до 1992 година.
„АД Јака 80“ - фабрика за козметичка, диететска и фармацевтска индустрија. Фабриката е преместена од Радовиш во Скопје.
„АД Декортекс“ - фабрика за текстил и текстилни производи.
„ЗИК Радовишко поле“ - производство и продажба на земјоделски производи.
Здравство
уредиВо градот постои една јавна здравствена установа „ЈЗУ Здравствен Дом - Радовиш“, и околу седум амбуланти во населените места под управа на здравствениот дом. Во склоп на ЈЗУ Здравствен Дом - Радовиш влегуваат гинеколошко-акушерско одделение, специалистички амбулантски ординации по очни болести, уво, нос и грло, интерна медицина и др.
Во градот работат најмалку 15 приватни здравствени установи (ПЗУ) од примарната медицинска и стоматолошка здравствена заштита. Неколку приватни специалистички ординации по интерна медицина, ортопедска ординација и невропсихијатриска ординација. Исто така работат и седум приватни аптеки.
Образование
уредиВо областа на образованието и воспитувањето работат вкупно пет институции. Една од нив е предучилишна комбинирана установа, две основни училишта со повеќе подрачни објекти, една гимназија од областа на средното образование и еден факултет.
Предучилишно воспитување
уреди- ЈОУ Детски градинки „Ацо Караманов“ со трите објекти „Цветови“ „Изворче“ и „Управна зграда“.
Основно образование
уреди- ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш - со околу 1266 ученици и 70 вработени.
- ОУ „Никола Карев“ - Радовиш [2] Архивирано на 13 мај 2012 г. - Радовиш - со околу 1070 ученици и 65 вработени.
Средно образование
уреди- СОУ "Коста Сусинов" - Радовиш - со 1146 ученици и 52 вработени. Средното училиште има гимназиска насока, металуршко-техничка насока, и електротехничка насока - електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
Високо образование
уреди- Електротехнички факултет - Радовиш, во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Со две додипломски студиски програми: „Системи за автоматско управување“ и „Обновливи извори на енергија“.[3]
Културни и медиумски установи
уредиВо Радовиш работат две институции од областа на културата:
- Центар за култура „Ацо Караманов“ - Радовиш и
- Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш.[4]
Исто така во Радовиш постои „Етнолошки музеј“ каде што се наоѓа вредна „Етнолошка збирка“ од Радовишкиот крај.
Познати се фолклорните ансамбли: Ф.А „Бучим“, Ф.А. „Ацо Караманов“, и аматерските драмски студија. Во текот на годината се одржуваат: „Радовишкото културно лето“, Детскиот фолклорен фестивал „Оро весело“, „Карамановите поетски средби“, Манифестацијата „Самун ем Татлија“ и др.
Како културно-историски вредности коишто ги поседува Радовиш се Црквата „Св. Троица“, Параклисот Св. Спасо Радовишки, „Црква Св. Илија“, „Туљбето“ и „Крстот над Радовиш“.
Медиуми
уредиВо медиумскиот простор присутни се една локална телевизија „ТВ Еми“, една регионална телевизија „ТВ Кобра“ и два кабелски оператори „АндесНет“ и “Телекабел“. Печатени локални медиуми се појавуваат периодично, a и еден локален-регионален портал RadovisNews [5] Архивирано на 6 април 2014 г..
Телекомуникации
уредиВо градот постои развиена фиксна и мобилна телефонија. Постојат неколку локални интернет доставувачи со безжично покривање на целиот град, и WiFi точки.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Градска Корија — тумул од железното време;
- Исарот - Кале — средновековна тврдина;
- Кукленица — средновековна населба;
- Турски Гробишта - Теќето — средновековна некропола
Туризам
уредиБогатството на шумскиот фонд, разновидноста на флората и фауната, чистата и здрава околина, конфигурацијата на теренот, реките и вештачките акумулации го прават регионот привлечен за рекреативно-спортскиот, ловниот, риболовниот и селскиот туризам.
Во тој поглед, развојните можнсоти на регионот се согледуваат, пред се, во комерцијализацијата на атрактивните природни ресурси. Економското ефектуирање на природните ресурси претпоставува постоење на соодветна инфраструктура, на организација и на соодветна туристичка пропаганда. Во таа насока, значајни развојни поттици може да произлезат од нови и од квалитетни сместувачки капацитети, од капацитетите за исхрана, од различните занаетчиски и услужни објект и дуќани, од спортски терени, од туристички водачи кај селскиот туризам што влегува во рамките на збогатување на туристичката понуда. Развојот на овие специфични видови туризам ќе овозможи поширок фронт за делување и за пазарно ефектуирање на произво¬дството на храна (млеко, месо, зеленчук, овошје, вино и слично) во атрактивните ловно-риболовни и рекреативни рурални подрачја. Најсоодветен начин за стопанисување со оваа дејност и со нејзините придружни дејности се малите семејни бизниси, стручно водени и осмислени од квалификувани менаџери.
Исто така постои одлична можност за развој на алтернативните форми на туризам (планински, бањски, рурален, археолошки др.)
Спорт
уредиВо Радовиш дејствуваат спортските клубови: ФК Плачковица (формиран 1942 година), КК Радовиш, пинг понг клубот „Еми Петрол-Радовиш“ (формиран во 1993 година, а денес се натпреварува во Националните Пинг-Понгарски лиги), РК „Радовиш“ (игра во Супер Лигата на Македонија), борачкиот клуб „Бучим-Радовиш“ (освојувач на титулата Државен шампион на Македонија за 2013 година, Европски и Светски клупски шампион), стрелачкиот клуб „Бучим“, велосипедскиот клуб „Свиок“, триатлон клубот „Ана-да“, риболовниот клуб „Крап-Радовиш“[12](се натпреварува во Првата македонска риболовна лига), мото клубот „Џинка“, планинарското друштво „Бел Камен“, алпинистичкиот клуб „Плоча“ [6] Архивирано на 18 март 2014 г., џудо-клубот “Сенсеи“, карате клубот “Феникс“, спортски навивачи „Лебари“ и други.
Исто така во Општина Радовиш од 2013 година е возобновена и „Општинска фудбалска лига - Радовиш“, а постои и „Општинска училишна лига во футсал“ за Основните училишта од Општина Радовиш.
Радовиш поседува капитални спортски објекти како: Спортско-рекреативниот комплекс „Шампион“ (со олимписки базен, повеќе игралишта за мал фудбал и кошарка, ракомет, одбојка и тениски терени), Спортската сала „25 мај“ со капацитет од 1500 седишта, Градскиот стадионот за фудбал во Радовиш, тениски терени, повеќенаменски спортски терени и други.
Познати личности од Радовиш
уреди- Свети Анастасиј Радовишки (1774 - † 1794)
- Никола Георгиев (1880 - † 1932) - учител, револуционер и градоначалник на Радовиш
- Никола Василев (1881 - ?) - револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на ВМРО
- Ацо Караманов (1927 - † 1944)- поет и борец во НОБ
- Марија Арсова — учесник во НОВ на Македонија.
- Милка Ефтимова (1936 - )- оперска пејачка и професорка на факултетот за музичка уметност
- Павле Трајанов (1952 - ) - политичар и претседател на партијата Демократски сојуз
- Коце Крстев (1961 – † 2001) - македонски бранител
- Ристо Гуштеров - стопанственик;
- Васко Тодоров - хуморист (К-15)
- Александар Милановиќ (1922 – † 1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ванѓа Чашуле (1923 – † 1986) — македонски преведувач, историчар и публицист, како и учесник во НОБ и носител на "Партизанска споменица 1941"
- Ванчо Тарабунов (1951 - ) - македонски фолк пејач и автор.
Галерија
уреди-
Радовиш и принадлежното подрачје во рамките на Општина Радовиш
-
Плоштад Св. Спасо Радовишки
-
Плоштадот во Радовиш
-
Радовиш во зима
-
Радовиш
-
Центарот за култура
-
Крстот над Радовиш
-
Бул. Александар Македонски
-
Панорама на Радовиш
-
Панорама на Радовиш
Наводи
уреди- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр.68
- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр.68-69
- ↑ Google Maps
- ↑ Google Maps
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.233.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
- ↑ Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 јули 2016.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 330, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ [1] Архивирано на 1 август 2015 г.
Надворешни врски
уреди„Радовиш“ на Ризницата ? |