Лесковица
Лесковица — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Лесковица | |
Панорамски поглед на селото Лесковица | |
Координати 41°35′45″N 22°14′38″E / 41.59583° СГШ; 22.24389° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Штип |
Население | 45 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30033 |
Надм. вис. | 551 м |
Слава | Голема Богородица |
Лесковица на општинската карта Атарот на Лесковица во рамките на општината | |
Лесковица на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е оддалечено 27 километри од градот Штип и се наоѓа по средината на падините на планината Серта која исто е позната под името Конечка Планина. Оддалечено е околу половина километар од патот кој го поврзува Штип со Неготино.
Асфалтираниот пат кој води од главниот пат, завршува на почетокот на селото, и до неодамна остатокот од селото имал само земјени патишта. Во 2014 година биле асфалтирани двете главни улици во селото.[2]
Селото е поврзано со Штип со градски транспорт, локален автобус кој оди во двете насоки двапати на ден.
Историја
уредиСелото во XIX век било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 759 жители, од кои 544 Македонци и 215 Турци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лесковица имало 760 Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 113 жители, од кои 111 Македонец и 2 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, населението броело 45 жители, од кои 37 Македонци, 1 Србин и 7 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 759 | 768 | 739 | 810 | 874 | 719 | 431 | 219 | 195 | 113 | 45 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Штип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Лесковица, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната Општина Лесковица, во која влегувале селата Брест, Лесковица, Ново Село, Пиперово и Суво Грло.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2301 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница "лида пром".[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 56 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[14]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1867 година.
Редовни настани
уреди- Голема Богородица — главна селска слава со црковно-народен собир во месната црква, која има голем двор кој се користи за славењето.
- Ѓурѓовден — црковна слава
Култура и спорт
уредиПорано во селото имало и фудбалски клуб по име Серта.
Иселеништво
уредиПовеќе од населението се иселени во градовите Штип, Неготино и Радовиш.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Пуштени во употреба асфалтираните улици во штипско Лесковица“. НетПрес. НетПрес. 6 мај 2014. Посетено на 28 мај 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 - 135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 мај 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.