Т’лминци

село во Општина Крива Паланка
(Пренасочено од Т'лминци)

Т’лминци — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Т’лминци

Поглед на селото Т’лминци

Т’лминци во рамките на Македонија
Т’лминци
Местоположба на Т’лминци во Македонија
Т’лминци на карта

Карта

Координати 42°11′2″N 22°15′51″E / 42.18389° СГШ; 22.26417° ИГД / 42.18389; 22.26417
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 44 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1333
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15049
Т’лминци на општинската карта

Атарот на Т’лминци во рамките на општината
Т’лминци на Ризницата

Потекло на името

уреди

За името на селото има две мислења: првото е дека потекнува од патронимиско име на -ци, бидејќи основоположникот на селото е дојден од селото Горно Т’лмино, додека другата ја спомнува врската со потеклото на името на Долно и Горно Т’лмино (Босилеградско), чии имиња доаѓаат од т’лма (купче, грамада).[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Панорама на селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во југозападниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, недалеку од патот Крива Паланка-Куманово, а на десната страна на реката Крива Река.[3] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на височина од 720 до 800 метри.[3]

Селото е сместено во средниот и долниот дел на долината на Габерска Река. Околни села се Габар на север, Градец на исток и Длабочица на запад.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мрамор, Шумати Рид, Кирева Бавча, Спаиски Гумна, Цигански Куќи, Црвеница, Лозја, Спас, Мал Мрамор и Орница.[4]

Селото е од разбиен тип. Се дели на три маала: Горно со 12 куќи, Средно со 8 куќи и Долно со 6 куќи. Долното Маало е населено од иселени родови од повисоките планински села во областа по Втората светска војна.[4]

Т’лминци се наоѓа на запад од градот Крива Паланка.

Историја

уреди

Т’лминци е младо село. Било основано околу 1870 година од двајца браќа доселени од планинското село Т’лмино, Босилеградско. Се иселиле од таму поради големи давачки. Тие ги основале Горно и Средно Маало.[4]

Во XIX век, Т’лминци било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот е мал и зафаќа простор од 3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 137 хектари, а на шумите отпаѓаат 129 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Мештаните во Горно и Средно Маало повеќе се занимавале со сточарство, додека Долно Маало повеќе со земјоделство, поради што истото и го нарекувале Чифличко Маало.[4]

До 1960-тите години, мештаните живееле само од сточарство и земјоделство, но подоцна започнале да работат како градежници, најпрвин во Скопје, а подоцна и во странство.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948199—    
1953208+4.5%
1961225+8.2%
1971221−1.8%
1981172−22.2%
ГодинаНас.±%
1991124−27.9%
199495−23.4%
200273−23.2%
202144−39.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Т’лминци имало 250 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Т’лминци имало 208 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

По Првата светска војна селото било дел од општината Мождивњак и имало 135 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Селото е мало и населено со македонско население. Така, во 1961 година имало 225 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 95 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Т’лминци живееле 73 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 44 жители, од кои 35 Македонци и 9 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 208 199 208 225 221 172 124 95 73 44
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Т’лминци е македонско село, населено со македонски родови, кои се доселени.[4]

Родови во селото се: Павловци (13 к.), живеат во Горно Маало, и Чифлижани (9 к.), живеат во Средно Маало, споменатите два рода потекнуваат од двајца браќа доселени од селото Т’лмино кај Босилеград, во родот Павловци се знае следното родословие: Тодос (жив на 65 г. во 1973 година) Мито-Павле, основачот на родот кој се доселил; Баштевци (2 к.), Градчани (2 к.), Конопничани (1 к.) и Чифлижани (1 к.), живеат во Долно Маало, првите три рода се од селата по кои ги носат имињата, а четвртиот род е од Средното Маало во самото село Тлминци, каде имаат истоимени роднини. Сите родови се доселени после Втората светска војна.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Длегашинци или Деа Ѓоргијинци, Черкези и Живковци (18 к.) најстари во селото. Потекнуваат од тројца браќа кои се доселиле и го основале селото. По потекло биле од селото Тлмино кај Босилеград; Овчаровци (2 к.) доселени се од околината на Врање; Кајмакци (2 к.) доселени се околу 1861 година од селото Градец; Душилички (2 к.) и они се доселени од селото Градец.[15]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Т’лминци, се наоѓале и селата Баштево, Борово, Длабочица, Мождивњак и Псача. Општината Градец постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0967 според Државната изборна комисија.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Реки[18]

Редовни настани

уреди
  • Спасовден — овој празник се слави како селска слава
  • Свети Јован зимен — помал собир

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 168.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 296. Посетено на 28 јули 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 278–279.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  7. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-09.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2019.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 28 јули 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-12-01. Посетено на 28 јули 2019.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 21. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди