Танатарци
Танатарци — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип.
Танатарци | |
Воздушен поглед на селото | |
Регион | Источен |
Општина | Штип |
Област | Лакавица |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30058 |
Надм. вис. | 450 м |
Танатарци на општинската карта Атарот на Танатарци во рамките на општината | |
Танатарци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Лакавица, во југоисточниот дел на територијата на Општина Штип, од десната страна на реката Крива Лакавица. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 580 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 25 километри.[2]
До самото село води земјен пат, кој се двои од локалниот пат до селото Горачино, кој пак започнува од регионалниот пат 1204 кај селото Шопур.
Историја
уредиВо Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 8,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 441 хектар, на пасиштата отпаѓаат 289 хектари, додека на обработливото земјиште 101 хектар.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Танараци живееле 120 жители сите Македонци.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Танатарци имало 192 Македонци, патријаршисти.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]
Селото е мало, во фаза на раселување. Во 1961 година, селото броело 115 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 14 жители, македонско население.[2]
На пописот од 2002 година, селото имало 8 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 160 | 138 | 136 | 115 | 73 | 26 | 12 | 14 | 8 | 1 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Танатарци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Штип.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Танатарци, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лескоица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Чифлик и Шопур. Селото припаѓало на Општина Лакавица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2310 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Горачино.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 293. Посетено на 24 октомври 2024.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 883. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.