Копришница

село во Општина Демир Капија

Копришница — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Копришница

Патоказ за селото

Копришница во рамките на Македонија
Копришница
Местоположба на Копришница во Македонија
Копришница на карта

Карта

Координати 41°20′18″N 22°15′19″E / 41.33833° СГШ; 22.25528° ИГД / 41.33833; 22.25528
Регион  Вардарски
Општина  Демир Капија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО
Надм. вис. 600 м
Слава Ѓурѓовден
Копришница на општинската карта

Атарот на Копришница во рамките на општината
Копришница на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено над соседното село Дрен.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2] До селото се стигнува преку земјен пат во лоша состојба, кој започнува од селото Дрен.

Копришница се наоѓа на ниска тераса на огранката Колниш. Во минатото, селската чешма била под селото, а многу чешми имало и во самиот атар.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Богданец, Селиште, Сливите, Јованова Лак, Бука, Џикова Лака, Плоскач и Кочиње.[3]

Селото има збиен тип со разредени дворови.[3]

Моментално, во напуштеното село може да се види само главната селска црква „Св. Ѓорѓи“, како и неколку преостанати куќи.

Историја

уреди

Селото е доста старо и отсекогаш било христијанско. Во месноста Селиште, пола час одење долж Копришка Река се сретнуваат грамади.[3]

До почетокот на XIX век, селото било самостојно, но подоцна бесвичките бегови на сила го одзеле, а подоцна го изнајмувале на аги од Кавадарци и Бохула.[3]

Стопанство

уреди
 
Напуштена куќа во селото

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 28,5 км2.[2]

Селаните главно се занимавале со сточарство, правење на ќумур и во мала мера земјоделство. .[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194857—    
195332−43.9%
196130−6.2%
19710−100.0%
19811—    
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Копришница живееле 90 жители, сите Македонци христијани.[4][5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Селото е наполно раселено по 1981 година, кога што броело само еден жител.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Копришница немало жители.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 155 57 32 30 0 1 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Копришница е христијанско македонско село.[3]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Староседелци: Ѓурговци (9 к.) и Ѓоровци (2 к.).
  • Доселеници: Јаковци (3 к.), доселени се околу 1820 година од селото Оризари; Милошовци (1 к.), доселени се од селото Драчевица околу 1840 година; Лазовци (1 к.) доселени се средината на XIX век од селото Бохула; Струговци (1 к.), доселени се од селото Дреново, а таму средината на XIX век од селото Стар Дрен; Мурџевци (2 к.), доселени се од селото Радња, а таму средината на XIX век од селото Зборско во Меглен; Весковци (1 к.), доселени се во 1890 година исто така од селото Радња, а уште подалечно потекло од Рожден во Мариово; Анадолци (1 к.), доселени се од селото Будур Чифлик, а биле и во Анадолија па од таму името; Доновци (1 к.), доселени се од селото Јанков Чифлик, таму се доселиле од селото Драчевица, а уште подалечно потекло од селото Долни Дисан од 1870 година.

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Копришница било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Копришница, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1245 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна продавница во селото Дрен.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[13] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]
Водопади
Реки

Редовни настани

уреди
Слави[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 157. Посетено на 18 септември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 286–288.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 155. ISBN 954430424X.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 септември 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 10 септември 2021.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 232. ISBN 9989-649-28-6.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди