Долно Ботушје
Долно Ботушје (познато и како Долно Ботуше) — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Долно Ботушје Долно Ботуше | |
Поглед на горниот дел на селото | |
Координати 41°43′27″N 21°5′50″E / 41.72417° СГШ; 21.09722° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 6 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03006 |
Надм. вис. | 1.061 м |
Слава | Голема Богородица |
Долно Ботушје на општинската карта Атарот на Долно Ботушје во рамките на општината | |
Долно Ботушје на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Гостивар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.140 метри.[2]
Селото е сместено на левата страна на Ботушка Река, десна притока на Мала Река. Реката ја исцртува северната атарска граница. Селото е свртено кон југ. Малку ниви се наоѓаат околу селото, додека шума има над селото.[3] Селото се наоѓа на источните падини на планината Добра Вода.
Во минатото, селото Ботушје претставувало една целина, поделено на два краеви: Горно и Долно Ботушје, оддалечени едно од друго 3 километри. И во двата дела куќите биле поделени на групи (маала), вообичаено групирани по родови, како што и се нарекувале.[3]
До Долно Ботушје води земјен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков.
Историја
уредиСелото е старо. Во него малкумина се доселиле низ годините.[3]
Во XIX век, Долно Ботушје било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство.
Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиАтарот е заеднички со селото Горно Ботушје и зафаќа површина од 26 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.628,7 хектари, потоа следи обработливото земјиште на површина од 412,7 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 384,3 хектари.[2]
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 57 семејства и 4 неженети, сите христијани.[5]
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Ботуше (Горно и Долно) (Bétouché) имало 26 домаќинства со вкупно 108 жители Македонци.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ботуше (Горно и Долно) имало 410 жители Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ботушје (Горно и Долно) имало 400 жители.[8]
На почетокот на XX век целото село потпаднало под српската пропаганда. Според митрополитот Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Ботуше има 46 „српски“ куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Од Долно Ботушје се иселил значителен број од неговото население, така што, селото прераснало од средно во мало село по големина. Во 1961 година селото броело 511 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 51 жител, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Ботушје имало 34 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 5 Македонци и 1 лице без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410 | 400 | 422 | 491 | 511 | 443 | 164 | 68 | 51 | 34 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
уредиДолно Ботушје е македонско православно село.[3]
Родови во селото се: Ралушина (10 к.), Ѓулковци (3 к.) и Јанчевци (7 к.), староседелски родови; Аслана (15 к.), потекнуваат од некој говедар, кој дошол, но не се знае откаде; Сејдија (8 к.), водат потекло од некој Сејдија, кој е доселен, но не се знае откаде.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Долно Ботушје се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Горно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0251 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[17]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[19]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[20]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[21]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица” — манастирска црква.
- Манастири
- Ботушки манастир — манастир над селото
-
Главната селска црква „Св. Никола“
-
Дворот на Ботушкиот манастир
-
Манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“
Личности
уредиЛичности родени во Долно Ботушје
- Гино Велјаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Здравко Велјаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Стојан Стаменкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Војче Змејкоски (1918 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
- Глигор Новески (1910 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
- Миливој Јанкулоски (1922 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
- Мирко Јанкулоски (1926 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
- Радован Земјакоски (1909 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
- Ристо Лазарески (1910 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
- Самоиле Ѓурчески (1918 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
Редовни настани
уреди- Слави[3]
- Голема Богородица — селска слава
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 104. Посетено на 16 март 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 329.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 235
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
- ↑ Попис на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 март 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 17 март 2021.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
- ↑ 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 23,5 23,6 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
уреди- Долно Ботушје на Ризницата ?