Опила

село во Општина Ранковце

Опила — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.

Опила

Црква „Св. Никола“ во селото Опила

Опила во рамките на Македонија
Опила
Местоположба на Опила во Македонија
Опила на карта

Карта

Координати 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД / 42.14278; 22.14417Координати: 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД / 42.14278; 22.14417
Регион  Североисточен
Општина  Ранковце
Население 205 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15038
Надм. вис. 647 м
Опила на општинската карта

Атарот на Опила во рамките на општината
Опила на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Ранковце.

Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.160—    
19531.309+12.8%
19611.193−8.9%
19711.020−14.5%
1981631−38.1%
ГодинаНас.±%
1991379−39.9%
1994288−24.0%
2002269−6.6%
2021205−23.8%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.000 Македонци.[2]

Според податоците од пописот во 2002 година во Опила живеат 269 жители, од кои 268 Македонци и 1 Србин.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 205 жители, од кои 196 Македонци и 9 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 980 906 1.160 1.309 1.193 1.020 631 379 288 269 205
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови уреди

Опила е македонско село.

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Македонски родови: Во маалото Каваклија има околу (35 к.). Поедини родови се: Баратлици (6 к.), Арнаутовци (4 к.), Долномалци (2 к.), Радичковци (1 к.) и др. - во маалото Пералиште има околу (25 к.). Се делат на Аџијинци, Мирашовци, Прекопевци, Мандарци, и др. - во маалото Маковиште има околу (20 к.) - во маалото Ѓорговци има околу (18 к.). и се делат на Качаровци, Адвокатци и Грковци. - во маалото Бабунци има околу (10 к.) - во маалото Каишовци има околу (9 к.) - во маалото Котарица има околу (6 к.). - во маалото Мишинци има околу (5 к.). - и во маалото Мајаница има околу (5 к.).

Помеѓу населението во наведените маала доминираат доселениците. За населението во маалото Бабунци, и името кажува дека се доселени од околината на Бабуна (велешко). За населението во маалото Котарица се зборува дека се доселени од околината на Врање. Во маалото Маковиште има доселеници од Врбица кај Кратово. Во маалото Ѓорговци има доселеници од Млаки исто така кај Кратово. Во маалото Пералиште има доселеници од селото Нежилово кај Кратово. Во маалото Кајиш има доселеници од еден куп села (таму е збркотија). Во маалото Каваклија, родот Арнаутовци е доселен од селото Млаки кај Кратово. И го знаат следното родословие: Кољо (жив на 56 г. во 1973 година) Петар-Димитрија-Стамен-Ристо-Златан, се доселил неговиот татко.

  • Православни Роми: Моневци (10 к.), Трајковци (4 к.), Митевци (1 к.) и останати (5 к.) во време на истражувањата еден Ром рекол: едни се иселуваат од ова село, а
  • други се доселуваат во селото.[9]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Карпузовци (1 к.), Коларовци (3 к.), Војсинци (6 к.), Игњатовци (1 к.), Арнаутовци (6 к.), Божиновци и Ѓошини (2 к.), Радичковци (1 к.), Каишовци (5 к.), Додевци (1 к.), Чуруковци (1 к.), Доденци (1 к.), Котаринци и Баја-Џорци (3 к.), Ѓошинци и Витковци со Поповци (7 к.), Стамболијци и Јовановци (3 к.), Ѓаволци (5 к.), Качаровци (3 к.), Баратлијци и Лубар со Гуњарци (7 к.), Ѓорговци и Милковци (6 к.), Мирашовци (4 к.), Мишинци (4 к.), Мандарци (4 к.), Прокоповци (6 к.), Алавујци (1 к.), Баба-Петринци (4 к.), Џивановци (1 к.), Митровци (3 к.), Дудинци или Деда-Стојчинци (3 к.), Чочарци (2 к.), Пачаризовци (1 к.), Тараленци (2 к.), Цветковци (2 к.) и Ќелешовци (1 к.)
  • Со непознато потекло: Пупевци (1 к.), Иванковци (1 к.), Адвукаци или Станковци (4 к.), Џипунци (3 к.), Наќинци (1 к.), Бошковци (3 к.), Велковци (2 к.), Велинци (1 к.), Аџијинци (2 к.) и Трајановци (1 к.)
  • Доселеници: Грковци (10 к.) доселени се околу 1825 година од околината на Бабуна во Велешко; Бутни-Колиба (1 к.) доселени се околу 1885 година од околината на Врање во Србија; Ѕуринци (6 к.) доселени се околу 1850 година од селото Одрено; Буја (1 к.) и они се доселени од селото Одрено, околу 1870 година; Шоповци (2 к.) доселени се пред 1875 година од селото Радовница во Горна Пчиња (денес Србија), основачот на родот се доселил со неговата мајка, после премажувањето на мајката; Бабунци (1 к.) малку пред 1875 г. се доселил од Кратово. Уште постаро потекло од околината на Бабуна во Велешко; Јанковци и Филибајци (3 к.) доселени се во 1939 година од селото Крилатица;

Роми

  • Со непознато потекло: Стоилкови (3 к.), Спасинци (6 к.) и Митеви (3 к.), православни.
  • Доселеници: Васкови (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Степанци кај Куманово. Православни.
  • Шабановци (1 к.) доселени се во 1918 година од Крива Паланка. Они биле муслимани.[10]

Самоуправа и политика уреди

 
Документ со печат од селската општина во Опила, 5 јуни 1918 г.

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Опила се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнци, Гулинци, Љубинци, Одрено, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви
Археолошки наоѓалишта[11]
  • Градеж — населба од доцноантичкото време;
  • Градиште — градиште од доцноантичкото време;
  • Мал Трг — градиште од доцноантичкото време;
  • Пашина Падина — населба од доцноантичкото време;
  • Селиште — населба од доцноантичкото време;
  • Чифлаџиште — населба од доцноантичкото време;
  • Чифлик - Бабунци — некропола од железното, доцноантичкото време и средниот век.

Иселеништво уреди

Од 1948 до 1973 година ова село е смалено за 159 луѓе. Од ова село се иселувало младото население. Населението воглавно се иселувало во Скопје. Понатака се знае и за иселеници на следните места. Пеширово (Поповци, Митовци, Арнавудовци, Трајковци, Дрлевци и Јаќимовци). Таму се иселени и православни Роми (Пешовци). Во селото Горно Црнилиште четири семејства. Три семејства на православни Роми во селото Горобинци. И Арсовци и Митровци во селото Доброшане.[9]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.
  10. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 197-199, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски уреди