Држилово

село во Општина Сопиште

Држилово — село во Општина Сопиште. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 362 жители. Дел од Македонците-муслимани, поради политичко-религиски причини, се изјасниле како Турци.

Држилово
Држилово во рамките на Македонија
Држилово
Местоположба на Држилово во Македонија
Држилово на интерактивна карта

Карта

Координати 41°51′2″N 21°20′52″E / 41.85056° СГШ; 21.34778° ИГД / 41.85056; 21.34778Координати: 41°51′2″N 21°20′52″E / 41.85056° СГШ; 21.34778° ИГД / 41.85056; 21.34778
Општина  Сопиште
Население 421 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25045
Надм. вис. 715 м
Држилово на општинската карта

Атарот на Држилово во рамките на општината
Држилово на Ризницата

Географија и местоположба Уреди

Селото е дел од областа Торбешија и се наоѓа во западното подножје на Караџица.

Историја Уреди

Население Уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948777—    
1953805+3.6%
1961457−43.2%
1971288−37.0%
1981330+14.6%
ГодинаНас.±%
1991368+11.5%
1994374+1.6%
2002362−3.2%
2021421+16.3%

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 300 жители муслимани (Македонци).[2]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 362 жители, од кои 115 Македонци, 242 Турци и 5 други.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 421 жител, од кои 1 Албанец, 414 Турци, 3 останати и 3 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 777 805 457 288 330 368 374 362 421
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови Уреди

Држилово е торбешко село. Според истражувањата од 1950 година родови во селото се:

  • Доселеници: Балевци (8 к.), Љутвиовци (3 к.), Сејфовци (8 к.), Арифовци (4 к.), Суљовци (2 к.), Беадиновци (3 к.), Далиповци (2 к.), Јајовци (13 к.), Бејтовци (6 к.), Сеферовци (1 к.), Јакуповци (1 к.), Љатифовци (1 к.), Бајрамовци (10 к.), Асановци (16 к.), Салиовци (8 к.), Аметовци (4 к.), Таир (1 к.), Адемовци (3 к.), Исаковци (4 к.) и Алиловци (3 к.) сите наведени родови потекнуваат од четири семејства кои се доселиле во втората половина на XVIII век од мијачкото-торбешко село Жировница; Оџевци (7 к.) потекнуваат од предокот Џафер кој бил Албанец и живеел во Скопје. Он дошол во средината на XIX век, по повик на селаните да им биде Оџа.[8]

Иселеништво Уреди

До 1950 година од селото се иселиле 30 семејства во Скопје, и 40 семејства во Турција, каде се населени во Измир и околината на Измир.[8] и после тоа има иселување воглавно во тие два правца.

Поврзано Уреди

Наводи Уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски Уреди