Ивени
Ивени — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба Уреди
Селото е сместено на источните падини на Селечка Планина, источно од Битола, во областа Мариово.
Историја Уреди
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство Уреди
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ивени живееле 160 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ивени имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото брои 5 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 144 | 145 | 321 | 316 | 168 | 41 | 14 | 10 | 5 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Општествени установи Уреди
Самоуправа и политика Уреди
Избирачко место Уреди
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 180 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Рапеш. Во изборното се опфатени населените места: Ивени, Брник и Рапеш. [9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости Уреди
Редовни настани Уреди
Петар Сугарев (?-?) роден во с. Ивени. Бил деец на ВМОРО, а по 1904 г. станал гркомански деец на грчката вооружена пропаганда. Со својата чета го напаѓа с. Брник каде го убива семејството на војводата Трајко Крало.
Култура и спорт Уреди
Иселеништво Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 245.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски Уреди
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |