Текија

село во Општина Илинден


Текија — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје, сместено во непосредна близина на рафинеријата ОКТА и на автопатот Е75.

Текија
Панорама крај ОКТА.jpg

Поглед на селото Текија

Текија во рамките на Македонија
Текија
Местоположба на Текија во Македонија
Текија на интерактивна карта

Карта

Координати 42°04′29″N 21°40′00″E / 42.07472° СГШ; 21.66667° ИГД / 42.07472; 21.66667Координати: 42°04′29″N 21°40′00″E / 42.07472° СГШ; 21.66667° ИГД / 42.07472; 21.66667
Регион Logo of Skopje Region.svg Скопски
Општина Coat of arms of Ilinden Municipality, Macedonia.svg Илинден
Население 251 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 02
Шифра на КО 25133
Текија на општинската карта
Текија во Општина Илинден.svg

Атарот на Текија во рамките на општината
Commons-logo.svg Текија на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

ИсторијаУреди

Скопското село Текија потекнува уште од турско време.

СтопанствоУреди

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948164—    
1953207+26.2%
1961307+48.3%
1971289−5.9%
1981327+13.1%
ГодинаНас.±%
1991303−7.3%
1994298−1.7%
2002304+2.0%
2021251−17.4%

Според пописот од 2002 година, во селото Текија живеат 304 жители, од кои:[2] 299 Македонци и 5 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 251 жител, од кои 230 Македонци, 2 Албанци, 11 Срби, 5 останати и 3 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 164 207 307 289 327 303 298 304 251
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

РодовиУреди

Текија сега е православно село, но во минатото било муслиманско, населението говорело турски, но родовите потекнувале воглавно од Турци и Албанци. Родовите од албанско потекло потекнувале од домазети.[8]

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

Родови од турско потекло

  • Доселеници: Оџаларци (6 к.) и Куртишевци (8 к.) потекнуваат од ист предок. доселени се од соседното село Аџилари (Миладиновци), а таму биле доселени одамна од Бергам во Мала Азија. Го знаат следното родословие: Абдула (жив на 58 г. во 1953 година) Бајрам-Куртиш-Абдула-Ибраим

Родови од албанско потекло

  • Доселеници: Узеирови (3 к.) и Џавидови (1 к.) доселени се околу 1912 година од Д’лга кај Куманово. Потекнуваат од ист предок; Зумберови (4 к.) доселени се од селото Блаца кај Качаник околу 1933 година; Јусуфови (1 к.) доселени се малку после нив од селото Жура кај Призрен; Џеладинови (1 к.) доселени се од селото Отља кај Куманово; Елмазови (1 к.) и Агушови (1 к.) доселени се од Кумановско. Првите од Романовце, а вторите од Сопот; Шерифови (2 к.) доселени се од селото Белановце кај Куманово; Алијови (1 к.) и Мемет (1 к.) доселени се од Куманово. Првиот род во Куманово бил доселен од некое кумановско село.

Род од словенско потекло

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Каменот на плодноста

Камен, висок повеќе од еден метар, фалусоидно исправен сретсело, најверојатно од паганско време е најголемиот знак по кој селото е познато. Спред верувањето, каменот лечи од неплоднот. Каменот го посетуваат луже најмногу ид Македонија, но и од соседна Србија, па дури и од Турција, потомци на некогашните жители на селото. Најмногу доаѓаат оние што не можат да имаат деца. Наводно, на сите што дошле по една година им се родило дете. Најпосетено е за Ѓурѓовден, кога се собираат и по 200-300 луѓе. Според редоследот на обредот, луѓето застануваат пред каменот, палат свеќа, оставаат некој дар и го обиколуваат, крстејќи се на сите негови четири страни. По обиколувањето жената треба да го опфати исправениот камен со две раце. Но, ако не може да го прегрне цел, тогаш го опфаќа со марамче. Откако ќе го направат тоа, старицата што го врши обредот, им собира камче, земја и трева околу каменот и како врзопче ѝ го дава на жената да го носи на бедрата цела година. По една година, жената, заедно со својот маж, треба да дојде повторно кај каменот и да ги остави камчето и земјата на истото место. Според верувањето, така ќе забремени и двајцата ќе добијат дете.[9]

Водата на Св. Петка

Во близина на Каменот во селото постои параклис со света вода посветен на Света Петка. Изграден е од селанец од селото, кој по сопствено видение сметал дека таму треба да се извади света вода. Денес ова место е доста посетено од луѓе кои се замиваат од оваа вода. Најголем собор се случува за денот на Света Петка Летна.[10]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  9. Чудотворен камен во селото Текија лекува од неплодност
  10. Каменот и водата на Света Петка од Текија носат сакани деца и лекуваат болни. Архивирано од изворникот на 2016-07-31. Посетено на 2016-10-01.

Надворешни врскиУреди