Општина Кисела Вода

општина во Град Скопје

Општина Кисела Вода — општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската Котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода во 2002 година, има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници. Центар на неговата општина е истоимената населба. Општината се намалила во Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година по оформувањето на Општина Аеродром кога за првпат била одржана седница на советот на оваа општина.

Општина Кисела Вода
Општина
Знаме на Општина Кисела ВодаГрб на Општина Кисела Вода
ДржаваМакедонија
Посебна единицаГрад Скопје
СедиштеКисела Вода, Скопје
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникОрце Ѓорѓиевски
Површина
 • Вкупна46,86 км2 (18,09 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно61.965
 • Густина1,300/км2 (3,400/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоkiselavoda.gov.mk
Карта на општината со внатрешните граници. Многу населби не се прикажани на картата.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главно туристичко одредиште во овој регион.

Географија

уреди

Границата на Општината Кисела Вода започнува од надвозникот на железничката пруга и улицата “Трета македонска ударна бигада” (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар) и се движи по трасата на старата железничка пруга до надвозникот на булеварот „Кочо Рацин“, се движи по улицата „Јордан Мијалков“, улицата „Црниче“ и улицата „346“ и излегува над институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС, односно на тромеѓето на општините Центар, Карпош и Кисела Вода, продолжува по гранизата на парк шумата “Водно” до наоѓалиштето “Теферич”, продолжува по катастарската граница КО Сопиште и КО Драчево до железничката станица Драчево, свртува на северозапад по железничката пруга Скопје-Велес, како граница со општина Аеродром до надвозникот на улицата “Трета македонска ударна бигада” (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар).

Историја

уреди

Во 1955 година, Општина Кисела Вода го опфаќала подрачјето на десната страна по средината на реката Вардар, почнувајќи од границите на Општина Идадија па се до тогашниот крај на Скопје во правец кон Драчево, вклучувајќи ги во Општината и населените места Горно Лисиче и Усје. Седиштето на Народниот одбор на Општината било во Кисела Вода, Скопје.[2]

Стопанство

уреди

Општина Кисела Вода е една од најголемите индустриски зони во градот Скопје со значителен континуиран подем во последните 5 години. Бруто-домашниот производ по жител изнесува 11.964 (според попис од 2002 г.). Примарната економија која генерално е составена од земјоделство зафаќа површина од 27,34 км2 и неметали со површина од 6,73 км. Секундарната и терцијалната економија на територијата на општина Кисела Вода претставуваат потенцијал за одржлив економски развој на општината. Бројот на економски субјекти според стопанските гранки кои делуваат на територија на општина Кисела Вода се: 1.910 вклучени во производство; 908 во градежништво; 490 во хотели и ресторани; 1.492 економски субјекти вклучени во транспорт; 24 во финансии; 1.092 во недвижности; 26 вклучени во јавната администрација и 868 во комуникации. Најважни стопански гранки во општината се хемиската индустрија, транспортот и шпедицијата, градежништвото, прехранбената индустрија и производството на безалкохолни пијалаци, трговската и услужната дејност

Демографија

уреди

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, општината има 57.236 жители, од кои 50.702 се Македонци.[3]

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 52.478 91,69
Албанци 250 0,44
Турци 460 0,80
Роми 716 1,25
Власи 647 1,13
Срби 1.426 2,49
Бошњаци 425 0,74
останати 834 1,46

Општина Кисела Вода се простира во јужниот и југоисточниот дел на Скопската Котлина. Источната граница на општината е до централното градско подрачје на општината Центар. Северната граница се простира по железничката линија Скопје - Велес со кој патен правец општината граничи со новофорнираната општина Аеродром. На источната и југоисточната страна граничи со општината Студеничани, а на јужната страна со планината Водно каде се простира граничната линија со општината Сопиште. Кисела Вода има правец на простирање исток - запад во должина од 14,2 км и правец север - југ во должина од 3,3 км. Во рамките на ваквите гранични линии со соседните општини, општината Кисела Вода има површина од 46,86 км2.

Во општината во непосредното градско подрачје се наоѓаат населбите Чешма и Бирарија, на ниските делови од северната страна на планината Водно се наоѓаат населбите Црниче и Пржино и во источниот дел населбите Припор и Усје. Во централниот дел од општината се наоѓаат населбите: 11 Октомври, Кисела Вода и Цветан Димов. На источниот дел од општината се наоѓаат населбите: Пинтија и Драчево.

  • Вкупна површина на општина Кисела Вода 46,86 км2
  • Вкупно население 58.216
  • Стапка на природен прираст 4,2%
  • Вкупен број на домаќинства 17.577
  • Вкупен број на станови 20.237
  • Број на населени места (населби) 14
  • Урбани населени места (населби) 8
  • Рурални населени места (населби) 6


Според пописот 2002 година

Општествени установи

уреди

Градоачалник на Општина Кисела Вода е Орце Ѓорѓиевски. Негов претходник беше Филип Темелковски.

Подрачни единици на органи на државна управа:

-Министерство за одбрана п.е. Кисела Вода;

-Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство п.е Кисела Вода;

-Министерство за труд и социјална политика п.е. Кисела Вода;

-Меѓуопштински центар за социјална работа п.е. Кисела Вода;

-Министерсво за здравство п.е. Кисела Вода;

-Министерство за образование п.е. Кисела Вода;

-Министерство за финансии и имотно-правни односи п.е. Кисела Вода;

-Министерство за правда

-Дирекција за заштита и спасување.

Самоуправа и политика

уреди

Во 2017 година, општината имала вкупно 778 вработени, од кои 127 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[4] Градоначалник на општина Кисела Вода е Филип Темелковски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Кисела Вода е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  СДСМ: 12 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 11 места

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Бидејќи Кисела Вода е претежно општина со македонско православно христијанско население, во неа редовно се организира палење на Бадниковиот оган, кога на територијата на општината се палат повеќе од 12.000 огништа на различни места. Овој настан често е придружен со настап на многу изведувачи од македонската естрада. Исто така, традиционален настан е одењето во Крушево и Пелинце, кога граѓаните на Кисела вода имаат бесплатно еднодневно патување на сметка на општината.

Збратимени општини

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955. стр. 237. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 14 април 2023.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 10 мај 2013.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
  5. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 December 2017.
  6. „Кисела Вода се збратими со Бахчелиевлер од Истанбул“. Курир. 4 April 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-03. Посетено на 4 April 2012.

Надворешни врски

уреди