Косово Дабје
Косово Дабје — село во Општина Делчево.
Косово Дабје | |
Координати 41°57′59″N 22°44′21″E / 41.96639° СГШ; 22.73917° ИГД | |
Регион | Пијанец |
Општина | Делчево |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 09029 |
Косово Дабје на општинската карта Атарот на Косово Дабје во рамките на општината | |
Косово Дабје на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиКосово Дабје — село во општина Делчево, во областа Пијанец.
Историја
уредиСелото Косово Дабје не е многу старо село. Порано името на ова село било Шопје, но подоцна е променето во Косово Дабје, од непознати причини.[2]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Во 2002 година, во селото живееле 21 жител, Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 5 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | 159 | 207 | 192 | 85 | 38 | 35 | 21 | 5 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиСпоред истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
- Доселеници: Шопјето (15 к.) најстар род во селото и негови основачи. Како го добиле името е непознато. Доселени се околу 1788 година од некое село во Прилепско (прилепско Мариово); Илијовци (3 к.) доселени се во 1885 година од селото Турија; Димчовци (2 к.) доселени се во 1914 година од селото Бигла; Воложјето (3 к.) доселени се во 1905 година; Мијшинци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Драмче; Козарци (1 к.) доселени се во 1914 година од селото Цера; Кумкар (1 к.) доселени се во 1941 година од некое блиско село во Бугарија, од другата страна на границата (Тишаново некои мислат).[2]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0597 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ 96/1в.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |