Крушје (Велешко)
Крушје — напуштено село во крајниот североисточен дел на Општина Велес во околината на градот Велес во сливното подрачје на реката Отовица.
Крушје | |
Поглед на Крушје | |
Координати 41°52′40″N 21°45′59″E / 41.87778° СГШ; 21.76639° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29035 |
Крушје на општинската карта Атарот на Крушје во рамките на општината | |
Крушје на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е ридско на надморска висошина од 300 метри и се наоѓа 13 километри северно од Велес и на 31 километар југоисточно од Скопје.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 28 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 132 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 616 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало само 1 жител, Турчин.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото Крушје немало жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 238 |
1953 | — | — | 262 | — | — | — | ... | — | — | 262 |
1961 | — | 138 | 94 | ... | ... | 1 | ... | 37 | — | 270 |
1971 | — | 72 | 22 | — | ... | — | ... | 32 | — | 126 |
1981 | — | 11 | 37 | — | — | — | ... | 17 | — | 65 |
1991 | — | — | 14 | — | — | — | ... | — | — | 14 |
1994 | — | — | 1 | — | — | — | ... | 8 | — | 9 |
2002 | — | — | 1 | — | — | — | — | — | — | 1 |
2021 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Родови
уредиКрушје било турско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:[6]
Турски
- Родови од словенско потекло: Смаколар (3 к.), Таракчилар (2 к.), Одолар (1 к.), Мемишлер (1 к.), Бајрамлар (2 к.), Мрлелер (2 к.), Иљазлар (2 к.), Узун-Али (2 к.), Алиманлар (2 к.) и Беќиралар (1 к.) сите овие родови се доселени од селото Брод во Гора. Во родот Смаколар се знае следното родословие: Фазли (жив на 60 г. во 1952 година) Ибраим-Усеин-Арслан-Исмаил, кој се доселил во селото; Торбешлар (5 к.) доселени се во 1915 година од селото Броштица во Дебарско. Кога се доселиле збореле македонски; Муса-Зеќир (3 к.) доселени се во 1915 година од селото Мелница. И они кога се доселиле збореле македонски; Жителите на селото највеќе брачни врски одржувале со Турците од Средно и Долно Коњари.
- Родови од турско потекло: Оџалар (4 к.) доселени се во 1925 година од селото Средно Коњари. Таму имале роднини наречени Имерлер; Каранџа (1 к.), Мула-Имер (1 к.) и Иплер (1 к.) и они се доселени од селото Средно Коњари.
Ромски
- Доселеници: Неџолар (3 к.) зборуваат ромски. Жителите на овој род се ковачи. Доселени се од селото Средно Коњари.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено избирачкото место бр. 2189 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственос на ордевски никола на селото Џидимирци.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[8]
Иселеништво
уредиДо 1952 година од селото во Турција се иселиле околу 40 семејство. Иселувањето продолжило и потоа. Во 1958 година во селото се населиле Бошњаци од Санџак. Но и тие се иселиле од селото.[6]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.